Високиот претставник на Меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит во интервју за Танјуг оцени дека сите во Европа треба да сватат дека Србија е многу важна земја, посебно во овој момент.
Шмит говорејќи за разговорот кој го имал денеска со претседателот Александар Вучиќ, рекол дека разговарале за многу работи но дека не сака да зборува во детали.
„Mojот впечаток е дека сите во Европа треба да сватат дека Србија е многу важна земја, посебно во ова време. Кандидатурата за членство на Србија во ЕУ е многу важна. Лично би сакал да ја видам Србија како дел од Европската заедница“, потенцира Шмит.