Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави оти не ја исклучува можноста за измени на Договорот за Европската Унија (ЕУ) од Мастрихт.
„Неговата изјава доаѓа во време на обновената дебата за можните промени во начините на кои функционира ЕУ, делумно поттикнати од Конференцијата за иднината на Европа на која беше предложено подлабока интеграција, вклучувајќи и укинување на инструментот национално вето“, пренесува „Политико“.
Тоа го поттиккна Европпскиот парламент да повика на изменување на повеќе договори на ЕУ, иако таквата идеја веќе подолго време предизвикува сомнеж кај многу земји членки кои сметаат дека тоа е непотребно и ќе предизвика дефокусирање од важните проблеми.
„Ако тоа биде неопходно, можеме да разговараме за измени на повеќе договори, вклучително и на Договорот за Европската Унија. Тоа не е таму“, истакна Шолц пред Бундестагот.
Тој, меѓутоа, нагласи дека за такво нешто е потребен најголем можен консензус, бидејќи во овој момент се најмалку потребни контроверзи за институционалните прашања.
По одлуката на Унгарија да ја блокира забраната за купување на руска нафта, минатата седмица доста се разговараше за тоа дали треба ЕУ да ја укине одлуката за право на вето кога е во прашање надворешната политика.
„Дел од лидерите на ЕУ поддржуваат укинување на ветото во некои прашања и промена на договорите, но далеку е да се претпостави кои одлуките би се носеле со мнозинство на гласови и кои елементи од договорите треба да бидат изменети“, наведува „Политико“.
Шолц денеска оцени дека мнозинското гласање е една од идеите чија цел е поефикасна ЕУ и истакна дека е среќен „што гледа дека се повеќе луѓе ја следат“.
За завршната Конференција за иднината на Европа, која се одржа на 8 мај, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и францускиот претседател Емануел Макрон изразија поддршка за промени на Договорот од Мастрихт.
Макрон се залага за длабоки реформи во ЕУ од неговото влегување во Елисејската палата во 2017 година, но немаше поддршка од германската канцеларка Ангела Меркел која на таа тема ѝ пристапуваше многу резервирано.