Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сомневање дека советниците на рускиот претседател, Владимир Путин во целост го информираат за војната во Украина.
На германски политички подкаст што ќе биде објавен во недела, Шолц рекол „дека е уверен оти рускиот претседател не е добро информиран“ и дека „неговите служби кријат многу работи од него“. Како пример го наведе бројот на загинати руски војници во војната.
Слична изјава имаше и првиот човек на британскара разузнувачка агенција GCHQ кој четвртокот рече дека советниците на Путин се плаѓат да му ја кажат вистината. Американската влада, исто така, изнесе слични коментари, повикувајќи се на свои разузнувачки податоци.
Без оглед на тоа, вели Шолц, Кремљ би требало да биде свесен за размерот на своите сопствени проценки по прашањето на Украина.
„Путин почувствува дека руската војска го изневерува“, рече германскиот канцелар, што според него предизвикало тензии меѓу врвот во Кремљ и военото раководство.
Шолц истакна дека Русија не може да излезе како победник, без оглед како ќе заврши војната.
„Оваа впојна не ја уништува само Украина, туку и руската иднина“, порача тој, додавајќи дека без мирно решение, Русија нема да може да го врати дури ни „умерениот“ економски раст.