Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на Северна Македонија, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Шолц во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција.
Германскиот канцелар од Скопје ќе замине за Софија на средби со бугарскиот државен врв.
Се очекува на средбите во Скопје и во Софија да се разговара за бугарската блокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.
Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово, а во Скопје ќе пристигне од Солун.