Шпанија се приклучи кон западните земји кои со падобрани од воздух доставуваат храна, санитетски материјал и друга хуманитарна помош за населението во Газа.
Во последните 24 часа шпанската армија од авиони со падобрани спушти 26 тони помош во опколениот Појас Газа. Дополнително, шпанската влада од Израел побара да ја отвори копнената граница за доставување помош за паслестинското население.
Шпанија инсистира на отворање на граничните премини бидејќи тоа е неопходна мерка за да се избегне гладот во Појасот Газа“, порача Мадрид.
Од шпанското министерство за надворешни работи е соопштено дека „падобранската“ помош за Газа се состои од над 11 илјади оброци храна и од друг хуманитарен материјал.