Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанското обвинителство бара затвор за разрешената Влада на Каталонија

0
By Нова ТВ on November 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанското обвинителство побара затворање, без можност за кауција, на осум екс министри на разрешената каталонска Влада и најави, спроред шпанските медиуми, дека ќе испрати европски мандат за апсење на екс претседателот на Каталонија Карлес Пучдемонт кој се наоѓа во Белгија.

Членовите на разрешената каталонска Влада без повикани денес во Мадрид пред Врховниот суд на Шпанија. Обвинителството ги обвинува за “побуна” и “непослушност”. На барање на адвокатите одлуката на судот беше одложена за 9 ноември.

За тоа време во Барселона се одржуваат протести како поддршка на разрешените министри.

Пред судот во Мадрид денес се појавија шестмина министри помеѓу кои и претседателката на каталонскиот Парламент Карме Форкадел во рамките на судската процедура отворена на 27 октомври, денот кога Парламентот прогласи независност на регионот.

Во судот не се појави Пучдемонт како и други четворица екс министри. Тој во понеделникот допатува во Брисел каде одржа прес конференција на која информираше дека нема да бара политички азил во Белгија но побара гаранции за фер судење во Шпанија обвинувајќи го шпанското судство за политизирано. Во меѓувреме тој останува во Белгија, информираше неговиот белгиски адвокат Пол Бекерт.

Во средата вечер Пучдемонт изјави дека Шпанија води “политички процес” па поради тоа тој нема да одговори на повикот на шпанскиот суд. Преку соопштение тој вели дека Шпанија сака да направи поделба помеѓу каталонските министри. Некои од нив “ќе одат за да покажат дека шпанското судство гони политички определби”  а другите “ќе останат во Брисел за да ја запознаат меѓународната јавност со овој политички судски процес”, вели Пучдемонт.

Според белгискиот весник “La Libre Belgique”, екстрадицијата на Пучдемонт нема да оди така лесно.

По издавањето на европски мандат за аспење на Пучдемонт, белгиското судство ќе треба да одлучи дали позитивно ќе одговори на ова барање на Шпанија. Белгиското судство е независно и политиката не може да игра улога во одлуката на белгискиот суд, но извесно е дека одлуката ќе донесе дипломатски последици помеѓу Белгија и Шпанија.

Според адвокатот Денис Боске, во изјава за белгискиот медиум, за да може да има екстрадиција белгиското право треба исто така да ги признава обвиненијата како престапи. Но, во овој случај, обвиненијата за “побуна” и “непослушност” за белгиското судство остануваат нејасни. Членот 5 на белгискиот закон, со кој се транспонира европскиот мандат за апсење, содржи список од 32 престапи помеѓу кои не се наоѓаат “побуната” и “непослушноста”.

“Се ќе зависи од начинот на кој шпанското судство ќе го образложи европскиот мандат”, објаснува адвокатот Боске, експерт по кривично право. “Белгискиот судија може да го одбие шпанското барање доколу смета дека оваа одлука може да ги наруши фундаменталните права и особено правото на фер судење”, вели медиумот. Со оглед на оваа специфика на белгиското право станува јасно зошто Пучдемонт дојде во Белгија и го ангажираше адвокатот Бекерт, експерт за човекови права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.