Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што бара Ципрас од Путин и Путин од Ципрас

0
By Светлана Јовановска on April 8, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Алексис Ципрас отпатува во дводневна посета на Москва и средба со претседателот а Русија Владимир Путин. Оваа посета не им се допаѓа многу на европските лидери и за многумина оваа посета е контроверзна.

Се чини дека Москва е спремна на Грција да и понуди кредит и ефтин гас но аналитичарите сметаат дека тоа, барем засега, нема ништо да промени ни за Грција ни на европската сцена. Но Москва има и свои барања.

Според Димитар Бечев од Лондонската економска школа, на овој начин Москва става на знаење дека во ЕУ има влади кои бараат партнерство со Русија и покрај притисоците и санкциите кои беа воведени по анексијата на Крим. За бугарската БНТ Бечев тврди дека оваа посета на Ципрас е пред се симболичен чекор за домашната грчка јавност. Ова е тактика за да се добијат поени во тешката политичка и економска ситуација која ја живее Грција. Има некои симболични најави дека Русија може да помогне во грчкиот долг, смета Бечев и додава дека е добро за Ципрас пред неговите избирачи и може да муд аде пошироко поле за работа.

Шпекулациите во Европа велат дека Москва и Атина имаат план за еден вид тајно купување на грчкиот долг од страна на Русија. Овие шпекулации се појави по идеја од круговите блиски до рускиот министер за финансии Антон Силуанов во јануари годинава. Неименуван извор од руската влада тогаш беше цитиран во дневникот Комерсант кој вели дека Москва е спремна да даде индиректна помош за Грција: «Спремни сме да разгледа опција за пониска цена на гасот за Грција бидејќи цената на гасот е врзана со таа на нафтата а оваа цена е многу падната во изминатиот период. Спремни сме и да разговараме за можноста за нови кредити за Грција».

Но истиот извор додаде дека Русија за возврат ќе побара нешто и од Русија без прецизира за што станува збор. Според бугарскиот новинар Методи Герасимов од «Капитал», Русија би и дала пари на Грција само доколку Атина одлучи да ја продаде својата железничка компанија на руските железници.

Јанис Варуфакис, грчкиот министер за финансии, за еден германски весник во февруари изјави дека неговата земја никогаш нема да побара финансиска помош од Москва.

Гасот е една од најстратешките теми во односите помеѓу Грција и Русија особено откако Путин најави изградба на гасоводот Турски тек кој би одел до грчко-турската граница. Двете земји се заинтересирани за проектот, но ставот на Атина зависи од цената на рускиот гас.

На 30 март се одржа средба помеѓу министрите за енергија на двете земји – Панајотис Лафазанис и Александр Новак – и на газдата на Газпром Алексеј Милер. Тие во Москва разговараа за намалување на цената на гасот за Грција но руската страна побара од Атина да го плати и гасот што Грција не го користи. Оваа калузула го носи името ‘take-or-pay’.

На оваа средба е зборувано и за влезот на Грција во Турскиот тек кој треба да испорача 47 милијарди кубни метри гас во Европа преку Турција.

Ципрас и Путин веројатно ќе се задржат и на санкцииите на Европа кон Русија но и против-санкциите на Русија кон Европа. Така Русија забрани увоз на земјоделски производи од Европа а најпогодената земја е токму Грција. Околу 40 отсто грчкиот извоз кон Русија се земјоделските производи. Според грчкото здружение на извоз на овошје, во 2013 година повеќе од 178 милиони евра преку овошје и конзервирани производи биле извезени кон Русија.

Рускиот министер за земјоделство Николај Фјодоров изјави дека прехрамбените санкции кон Грција би биле кренати само доколку Грција излезе од ЕУ. Додека е членка на ЕУ Грција не може самата да потпишува трговски договор со Русија.

Но, како членка на ЕУ, Грција има исто така моќ да стави вето на идни нови санкции кон Москва. Ципрас отворено изјави дека санкциите кон Русија се “пат без излез”. Со Ципрас се согласуваат и други членки на ЕУ како Унгарија, Словачка, Италија и Чешка.

Инаку, Русија е најголемиот трговски партнер на Грција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.