НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ќе промени новиот закон за медиуми

0
By Сашка Цветковска on January 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Контроверзниот закон за медиуми и законот за аудио-визуелни и медиумски услуги беа озаконети пред помалку од десет дена со 62 пратенички гласа „За“, а на 16 Јануари е закажана седница на која ќе се расправаат амандманите на законите за нивни измени и дополнувања.

Тогаш ќе се знае дали власта ќе ги прифати клучните забелешки на медиусмките организации кои беа во долга битка за целосно повлекување на Законот.
Текстот најпрво беше доживеан како нескриена намера за цензура на интернет просторот и повлече жолчна расправа помеѓу власта и дел од еснафот. Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за развој на медиуми на подолго време во текот на расправите делуваа како фронт и недвосмислено бараа целосно повлекување на овој закон.

Поддршка добија од речиси сите значајни меѓународни организации во чија мисија е слободата на изразување, како ОБСЕ, Советот на Европа, Меѓународната федерација на новинари, Репортери без граници, Артикл 19 и други. Меѓународни експерти подготвуваа анализи на предложените решенија, а речиси сите недвосмислено детектираа сериозен простор за цензура и политичко влијание.

КАДЕ СЕ КРЕНА ПРАШИНАТА

Најголемите контроверзи настанаа околу неколку работи;намерата да се контролира интернетот и печатените медиуми, формирањето на ново тело – Агенција чии надлежности се големи со можност да судат и да одземаат лиценци – практично судски овластувања, самиот состав на Агенцијата кој според предложениот начин на избор остава простор за сериозни политички влијанија;членот 4 кој пракитчно дефинираше кои се исклучоците од слобода на изразување – прешироко дефинирани со можност за злоупотреби; дефиницијата новинар и медиум; финансирањето на МРТВ и предложениот состав за програмски надзор на јавниот сервис, исто така со сериозни политички влијанија.

КОИ БЕА СУШТИНСКИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ

Покрај домашните еснафски здруженија и медиумски куќи, коментари и забелешки дојдоа и од интернационалните организации чија сфера на делување е слободата на медиумите. Заедничка препорака за речиси сите организации беше повикот да не се регулираат печатот, интернетот и аудиовизелните медиуми во еден закон, односно да не се регулираа ниту печатот ниту интернетот. Експертот од Советот на Европа забележува дека „не без причина третманот на печатените медиуми и аудиовизелните медиумите се во одвоени закони генерално во Европа и тоа со многу послаб режим за печатот. Регулацијата на сите медиуми во еден закон претставува опасност од недоследности, прекумерна регулација и не е јасно од каде потребата за таков сеопфатен закон”.

Втората заедничка, но суштинска препорака се однесува на составот на Советот во регулаторот. Според сегашниот нацрт седумте члена ќе служат мандат од 9 години. Британскиот експерт, забележува дека изборот на членови во Советот на Агенцијата не е во согласност со препораките од Советот на Европа, не ја гарантира независноста и остава голем простор за политичко влијание. Според него, но и според ОБСЕ и Советот на Европа вака предложениот состав остава простор лесно да се контролира работата на Советот од страна на политичките субјекти (еден член од МАНУ, еден од Советот, еден од мнозинското здружение на новинари, двајца до собраниската комисија за избори и именувања, еден од Заедниците на локалната самоуправа и еден на предлог на Претседателот на државата). Препораката на Советот на Европа е членовите да се бираат со двотретинско мнозинство во Собраниеото, а повеќе номинации да доаѓаат од невладиниот сектор.

Третата сериозна забелешка беше околу решенијата за предложениот програмски совет во МРТВ. Законот предвидува 13 члена, од кои дури 5 предлага Парламентарната комисија за избори и именувања, а 3 Единиците на локална самоуправа, што според експертите преставува ризик за независноста на сервисот и простор за сериозни политички влијанија. Нивниот предлог беше овој совет да се гласа со двотретинско мнозинство.

Забелешки имаше во многу други области, како на пример во дефиницијата на новинар или електронска публикација, а особено првото дефинирање експертите го посочуваат како многу рестриктивно.

Се на се, предложеното законско решение генерално во анализите се посочуваше како рестриктивно во однос на слободата на медиуми и изразување, ризично во смисла не претерана регулација и подобно за силни политички влијанија во Советот.
Генерално, експертите препорачаа да се измени само Законот за аудиовизуелни услуги, а да се прескокне носење на Закон за медиуми. Дури и Европската унија во писмено соопштение се огради од Законот, нагласувајќи дека тие никогаш не побарале од македонската влада да донесе Закон за медиуми, соопштение кое претставуваше и реакција на изјавите на некои функционери кои говореа дека Законот го носат на „барање на Европа“.
По дадениот рок за забелешки Министерството за информатичко општество непосредно пред јавната расправа летоска објави нов нацрт во кој беше изоставен членот 4, а Законот го подели на 2 различни закона – еден за медиуми и други за аудиовизуелни и медиумски услуги.

На тогашната расправа на мала врата власта амандмански протна уште едно контроверзно решение – да финансира 50 проценти од продукцијата на документарна или играна програма и на приватните национално телевизии. Еснафот реагираше дека со тоа Владата сака да го озакони финансирањето на пропагандата.

ШТО СЕ ПРОМЕНИ ВО ИЗГЛАСАНИОТ ЗАКОН

Изгласувањето на законите во парламентот значеше само едно – дека еснафот ја загуби битката за спречување на носење на вакви закони. Но, на гласањето му претходеше и заедничка прес конференција помеѓу претседателот на ЗНМ Насер Селмани и министерот за информатичко општество Иво Ивановски каде обзнанија дека постигнале договор за дел од контроверзните прашања во Законот за медиуми. Па така, во законот кој влезе во собраниска процедура беше изземена регулацијата на интернет порталите и печатот, а се постигнало согласност секое ограничување на содржината во медиумите да биде во согласност со судската пракса на европскиот суд, но се прифатил и кандидат на ЗНМ во Советот на новото тело- Агенцијата за медиуми. Спорните прашања како начинот на бирање на членовите на Советот на Агенцијата, програмскиот совет на МРТВ и други се оставени да се менуваат амандмански на седницата која е најавена за 16 Јануари.

КАКО ТЕЧЕШЕ ДЕБАТАТА ЗА ЗАКОНОТ

Македонските еснафски организации ја бојкотираа првата јавна расправа на Министерството за информатичко општество. Таа се одржа на 8 Арпил и тоа беше прв пат по речиси две години, колку што се подготвување нацртот, да излезе пред очите на јавноста ова решение. ЗНМ, ССНМ и МИМ протестираа поради нивната невклученост и носење на закон од витално значење за слободата на медиуми зад затворени врати. Претходно, додека се уште беше активен дијалогот помеѓу ЗНМ и Владата, тогашната вицепремиерка за евроинтеграции Теута Арифи ветување дека новиот закон ќе се подготвува во консултаации со новинарите, што не се случи.

На првата расправа, министерството обзнани дека ќе дозволи само 10 дена расправа, односно можност за коментари и забелешки по нацртот. Еснафските здруженија реагираа бесно и бараа најмалку 5 месеци расправа. Под притисок на организациите, но и под притисок на меѓународната заедница, власта најпосле попушти и дозволи 2 месеца за забешелеки и расправа – месеци кои не течеа глатко, а власта и новинарите „војуваа“ по однос на предлогот. На денот на слобода на печатот, 3 Мај, Синдикатот заедно со дел од интернет медиумите, а со поддршка на блогерите организираше протест на интернет, односно 24 часовно затемнување на страниците на порталите поради можноста од интернет цензура со новиот предложен закон за медиуми.

Клевети и навреди најпрво стигнаа од владејачката партија која во писмено соопштение новинарскиот синдикат го обвини за слугување на СДСМ, го наведе како “таканаречен синдикат”, а упати и лични навреди кон претседателката Тамара Чаусидис. Веднаш потоа се јави и министерството кое го обвини синдикатот дека ја дезинформира јавноста и дека опасност од цензура на интернет не постои, а се е во согласност со европските директиви.

Но, во резолуцијата за земјава изнесена пред Европскиот парламент, во членот кој се однесува на слободата на медиуми, комисијата практично ја потврди опасноста од цензура, наведувајќи дека „ изразуваме поддршка на активистите на социјалните медиуми кои лобираат против цензурата на интернет”, пишува во текстот“.

Иако ги поднесоа забелешките, МИМ, ЗНМ и ССНМ останува на ставот за целосно повлекување на овој предлог закон, а предлагаат само измени во законот за радиофузија во делот на усогласувањето со европските директиви.

Потоа следеше расправа во парламентот кога законот за подели на два дела – еден за медиуми и еден за аудиовизуелни услуги. Беше неизвесно дали власта ќе се осмели да ги донесе законите бидејќи притисокот од меѓународната заедница и острите критики кои доаѓаа од таму беа навистина силни, надополнети со новата ситуација на притворањето и осудувањето на новинарот Томислав Кежаровски.

По извесното време поминато во манирот „затишје пред бура“, пред околу десетина дена во ситуација која многумина го дочека неподготвени и изненадени, претседателот на ЗНМ се појави на прес конференција заедно со министерот за информатичко општество да обзнанат дека тие постигнале некаков договор околку некои прашања во Законот. Тогаш стана јасно дека Закон ќе има, но новата ситуација предизвика раздор помеѓу новинарите кои беа против носењето на Законот. Насер Селмани го обвинуваат за работење зад грб и предавство, додека тој се брани дека делувал како што можел и умеел да спречи интернет цензура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.