Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ќе се гради, а што не ако помине ДУП за Центар

0
By Сашка Цветковска on June 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се започна со протестот на жителите на зградите во близина на хотелот Бристол, односно спроти трговскиот центар Рамстор. Соседите се организираа, потпишуваа петиција и побараа да не се сечат дрвјата во паркот пред нивната зграда каде треба да осамне административната зграда во барок и нова катна гаража во близина. Ситуацијата стана аларманта кога почнаа да се поткопуваат и темелите на нивните згради.

Подоцна почна и сечата на дрвјата. Отсечените стебла и мртвите птици кои “паднаа” пред пилите заедно со дрвјата предизвикаа жестоки расправии помеѓу граѓаните и пратеничката Лилјана Поповска од партијата на зелените ДОМ која дојде да види што се случува. Подоцна на помош дојде и новоизбраниот градоначалник на општина Центар кој им вети на граѓаните дека ќе се погрижи зеленилото да остане таму каде што е.

Потоа пристигна и иницијативата доставена од невладината “Плоштад Слобода” кои од новото раководство на општина Центар побараа за измени во Деталниот урбанистички план кои би помогнале да се сочува преостанато зеленило во центарот на Скопје преку спречување на изградбата на новите предвидени проекти. Советот на општина Центар ја прифати инцијативата по бројните расправии помеѓу советницие од опозицијата и советниците на власта. Потоа следи затишје пред бура, за непосредно пред одржувањето на седницата на Советот на која треба да се разгледува и предлогот за предлогот за измена на урбанистичкиот план да се случат протести на плоштадот во организација на граѓанската иницијатива „Веритас“ која излегува со тврдење дека ако се изгласа ДУП-от ќе се сруши црквата Св. Константин и Елена, теза поддржана од некои црковни лица и владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Градоначалникот Андреј Жерновски излегува јавно и информира дека црквата нема да се руши, односно дека нема да се руши ниту една градба која е започната и за која има уредна дозвола. Но, минатиот петок се случуваат масовни и насилни демонстрации пред бараките од општина Центар при што демонстрантите успеаја насилно да влезат во дворот на општина, се кршеа прозори, се напаѓа и новинари, по што седницата бидува прекината.

Истата седница продолжува и во понеделник. Повторно демонстрации, кршење огради, фрлање со јајца и домати во салата во која се одржува седницата на Советот. Седницата е маратонска и трае 20 часа.

Жерновски не успева да ги разубеди демонстрантите дека црквата нема да се руши, а во истото уверуваат и советниците од ВМРО ДПМНЕ кои тврдат дека доколку се врати стариот урбанистички план, црквата автоматски ќе станела дивоградба.

Но, што навистина ќе се промени и колку тие промени ќе бидат големи?! Општина Центар предлага да врати на сила ДУП-от кој важел пред овој последниот кој сега е на сила и кој сакаат да го менуваат. Иако тој ДУП не ги содржи сите објекти кои се во новиот, советниците од општина Центар објаснуваат дека се што е започнато да се гради со одобрение ќе биде внесено дополнително во деталниот урбанистички план, во спротивно секое рушење би било незаконско.

Со оглед на тоа дека нема да се руши ништо што веќе се гради или е изградено, можностите да се случат драстични промени со донесувањето на овој ДУП се минимални, според советниците во Центар од опозицијата. На пример, најавените шпански скали во центарот на Скопје кои се уште се во фаза на идеја нема да се градат во ситуација кога би се донела оваа одлука на Советот на општина Центар. Нема да се гради ниту административната зграда – висококатница кај Бристол и катната гаража во градскиот парк.

Се на се, малку се работите од Скопје 2014 кои би можеле да се спречат, а она изграденото или во процес на градба останува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.