Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што може да се научи од италијанското искуство со коронавирусот

0
By Борјан Јовановски on March 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија е најголемото жариште на коронавирус во Европа. Од 21 февруари кога во Италија беше регистриран првиот случај до сега починале 6,820 лица. За искуството од италијанската борба со коронавирусот разговаравме со нашата колешка Оливера Јовановска која живее и работи во Венеција.

НОВА: Што се случува во Италија? Кој се најновите биланси?

Оливера Јовановска: Бројките од 24/03/2020 почнаа да покажуваат намалување на заразените и на починатите. Се зголемува бројот на оздравени. Последните статистики покажуваат раст на заразени за 8%. Иако бројката на починати е сеуште голема, 6.820, за да се добие вистинска слика за причината за секоја поединечна смрт ќе треба да се почекаат информациите од Националниот Висок Институт за здравство. Од досега анализирани 482 случаји, само 6 пациенти се починати директно од корона вирусот. Тоа значаи 1,2% немале никаква паталогија. За извештајот, објавен на 20 март годинава се предадени 3200 тела. Извештајот е достапен и на англиски јазик на следниот линк:

https://www.epicentro.iss.it/coronavirus/bollettino/Report-COVID-2019_20_marzo_eng.pdf

НОВА: Дали ригорзните мерки почнаа да даваат ефекти?

Оливера Јовановска: Мерките почнаа да даваат резултати. Во Кодоњо (Codogno), во регионот Ломбардија, каде што на 21 февруари беше потврден првиот случај во Италија, веќе на 10 март немаше ниту еден позитивен случај. Ова гратче беше прво гратче ставено под карантин. Со брзото ширење на вирусот и по ставањето на карантин на провинции и региони, клучна беше одлуката на Владата од 13 март кога се’ се затвори во цела држава. Останаа да работат само аптеки и продавници за итни потреби, но беше дозволено возење велосипеди и прошетки во парк, односно во природа во рамки на општината. За жал граѓаните не ја почитуваа оваа мерка за движење, па така бројот на заразени драстично продолжуваше да расте во цела држава. Од 23 март Владата воведе уште поригорозни мерки. Тоа е скоро “апсолутна забрана за излегување“, односно може да се излезе за работа, за здравје и за итни потреби. Може да се излезе за потребите на домашните миленичиња, до најмногу 500 метри. Оваа дистанца дополнително некои региони ја намалија, како на пример еден од попогодените региони, Венето стави ограничување од 200 метри. Дополнително за непочитување на мерките следува казна од 400 до 3000 евра. Со овие најстроги мерки до сега веќе втор ден е намален бројот на заразени на ниво на региони и на држава.

Оливера Јовановска

 

НОВА: Кои се социоекономските последици?

Оливера Јовановска: Економската ситуација сите ја дефинираат драматична и најлоша, односно како таа по втората светска војна. Тоа неодамна го потенцираше и претседателот Серџо Матарела истакнувајќи дека Италија има потреба од заедништво како обединувањето демонстрирано по втората светска војна. Италија се наоѓа во најголема економска криза од овој век. Регионалните власти бараат помош од државата што има јавен долг од 2.443 милијарди евра, објавено за јануари од Банка Италија.

Сепак во оваа состојба на длабока криза, Владата одобри 25 милијарди евра помош за граѓаните со цел да поттикнат флуидност од 350 милијарди евра. 3,5 милијарди се предвидени за здравството и за заштита на граѓаните, 10 милијарди за граѓаните кои остануваат да работат од дома, или поради кризата се на одмор или не можат да ја извршат работата, за сите тие што имаат автономна работа (човек поединец, односно самозапослени) предвидени се 600 евра за март. Се стопира плаќањето на кредитите, фамилиите се помогнати со беби ситер ваучер, предвидено е намалување на данокот. Сето ова треба да почекаме и да видиме како ќе биде имплементирано во наредните денови/недели и да ги осознаеме практично социоекономските последици.

НОВА: Kако регаира италијанското општество во овие ситуации?

Оливера Јовановска: Со затворањето на сите индустрии синдикатите најавија штрајк и непослушност. За ова премиерот Џузепе Конте денеска (24 март) побара разбирање од синдикалните здруженија и подготвеност заеднички да најдат начин во надминување на кризата. Во овој момент Италија се соочува со преполни болници, недостаток од медицински персонал и на технички материјал како што се болнички кревети, апарати за дишење, маски за медицинскиот персонал и маски за граѓаните.

НОВА: Позтивини и негативни појави во колективната психологија?

Оливера Јовановска:Колку што седењето дома може да биде добро, толку може и да биде негативно. Веќе се регистрирани и први случаји на семејно насилство каде што и полицијата интервенираше. Од друга страна, децата се среќни што се на ‘распуст’, а и природата ни подарува убави изненадувања: од прекрасното сино небо без никаква хемиска линија, до бистрата вода и рибите во Венеција што последен пат биле видени пред 30 години. Сигурно не е лесно да се издржи, а уште потешко е што многу луѓе се соочуваат со губење на работата и со неизвесна економска егзистенција. Тоа ќе бидат последиците од оваа криза.

НОВА: Дали Италија доби некаква помош од ЕУ?

Оливера Јовановска: Италија ќе добие помош од фондовите од Европската Унија. Деталите се очекуваат во април.

НОВА: Кои се искуствата на Италија што може да бидат корисни за нас?

Оливера Јовановска: Италија беше оставена сама на себе да се соочува со вирусот. Немаше доволно информации за тоа колку брзо се шири вирусот. Тоа лично го научи откако се појавија првите случаји на заразени во Ломбардија и во Венето. Од сопственото искуство стана пример за Светската здравствена организација. Најголемата лекција за нас е граѓаните да седат дома и сериозно да сфатат колку секој граѓанин индивидуално седејќи дома придонесува во намалување на ширењето на вирусот. Во пракса Македонија треба да обезбеди што повеќе кревети за интензивна нега и механички апарати за дишење. Иако само 5% од пациентите завршуваат на интензивна терапија, Италија незнаејќи го овој податок и со брзото ширење на вирусот се најде неподготвена и под силен стрес што доведе до работ на колабирање на здравствениот систем. Мислам дека Македонија одлично го изменаџира почетокот на кризата и така треба да продолжи. Веќе две недели како интензивно се борат и веќе го имаат личното искуство. Се надевам сфатија дека треба сами да почнат да произведуваат маски и за граѓаните и за хирургија, како што веќе направи и Италија откако одредени региони беа измамени од меѓународни предпродавачи на маски. Ова е момент кога треба да се демонстрира колективна слога и разбирање. Секако, бидете претпазливи на лажните вести и совети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.