Се потпишуваат документи, се носат стратегии, се менуваат законите. Сето тоа во име на подобрување на состојбите за човековите права и сето, најчесто, како реакција на притисокот од меѓународната заедница за обврските кои треба да се превземат во сферата на евроинтегративните процеси. Но, мерењата на напредокот алармираат дека борбата за човекови права наместо на хартија, треба да се одвива на терен.
По повод 10 декември, Светскиот ден на човековите права, НОВА подготви резиме на главните забелешки во однос на фундаменталните права од изминатата година од извештајот за напредок подготвен од Европската комисија, како и годишниот извештај за човекови права на Стејт Департментот во САД.
Извештај за напредок на Република Македонија, Европска комисија 2013
Централното место во извештајот за напредокот на земјава подготовен од страна на
Европската комисија го зазема слободата на изразување. Европската комисија уште во првата реченица во делот посветен на ова прашање констатира дека подобрувањето на законодавството не придонело за подобрување на општата состојба во полето на слободата на медиуми.
…И покрај остварениот напредок во законодавството во областа на слободата на изразување, репутацијата на државата во однос на слободата на медиумите продолжи да се влошува, и на домашно и на меѓународно ниво…, пишува во извештајот.
Владините реклами се посочени како средства за поткуп на медиумите, се забележува на отсуството на непристрасност при информирањето за време на избори од страна на јавниот сервис и други телевизии, како и отсуство на висококвалитетно истражувачко новинарство.
(табелите содржат податоци за парите потрошени на кампањи од страна на владата без податоци за 2013 година, како и табела со топ три институции по пари потрошени за рекламирање)
Во однос на правата на ЛГБТИ заедницата, Европската комисија констатира дека состојбата е влошена, а исфрлањето на оваа заедница од законот за антидискриминација продолжува да опстојува како црно петно и во новиот извештај. Комисијата бара расветлување на случаите на напади на Центарот за поддршка на ЛГБТ во рамки на Хелсиншкиот комитет.
…Иако полицијата реагираше соодветно по однос на насилните инциденти, потребно е да се спроведат целосни истраги и треба да се направи многу повеќе од страна на функционерите и медиумските професионалци, сопствениците и организациите за јавно да се осудат нетолерантноста и игнорирањето.
(снимка од безбедносните камери од мартовскиот напад врз ЛГБТ центарот)
Како проблем се посочува и се позачестената употреба на говор на омраза, а особено се проблематизира неговата употреба од страна на медиумите.
…Говорот на омраза за време на спортски настани, насилството на јавни места и демонстрациите ги зголемија тензиите, влошени со честопати пристрасното известување од страна на медиумите, констатира извештајот.
(фотографија на Томислав Георгиев, претепано момче во немирите околу назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана)
Нема значителнит подобрувања ниту во сферата на работничките и синдикалните права.
…Во однос на работничките и синдикалните права, социјалниот дијалог функционира добро. Правото на штрајк беше оспорено во случајот на штрајк на здравствените работници. Бипартитниот социјален дијалог не е подобрен. Капацитетот на синдикатите е сè уште слаб.
Според Европската комисија, проблематична е и интеграцијата на Ромите.
…Сегрегацијата на Ромите во училиштата сè уште трае. Не се преземени сеопфатни мерки за решавање на преголемата застапеност на ромските деца во специјалните училишта, ниту пак за интегрирање на децата од улиците во образованието. Отворената дискриминација кон Ромите продолжува, особено во вработувањето.
Извештај за човекови права на Стеј Департмент, 2013
Извештаите на Стејт Департментот во Вашингтон во јавноста важат за поостри и подиреткни во критиките. Иако ги констатираат истите состојби, сепак, се разликуваат од оние на Европската комисија по отсуството на бирократски речник.
Во делот за слободна на медиуми, извештајот генерално оценува дека слободата е ограничена, а владата го попречува критицизмот.
…Многу е мал и ограничен бројот на независни медиски гласови кои беа активни и изразуваа разноликост од ставови без рестрикции, генерално преку интернетот.Медиумите и понатаму се поделени по политичка и етничка линија. Владата и понатаму е најголемиот огласувач и ги фаворизира медиумите и новинарите кои владата ги смета за пријателски. Дел од новинарите се пожалија дека биле принудени да известуваат позитивно за Владата или во спротивно ќе ги загубат работните места, пишува во извештајот на Стејт Департментот за 2012.
(првонаградената фотографија на Томислав Георгиев на Impunity Exposed photo contest 2013, направена на протестот за слобода на Кежаровски)
Македонија повторно е земја со политички затвореници, откако во извештајот од минатата година за прв пат во оваа неславна графа беше нотирано дека земјата има политички затвореници. Исто како лани, тоа и годинава беше Љубе Бошковски.
…Во Март судот го осуди Љубе Бошковски на седум години затвор за илегално финасирање на политичка кампања. Во Јули властите отворија истрага против Бошковски како нарачател на двојно убиство од 2002 година, констатира Стејт Департментот.
Во делот на мешањето на властите во домот, приватноста, семејството и комуникацијата на граѓаните, Стејт Департментот го забележува зголемениот тренд на вадење партиски книшки за да се дојде до работа во државната администрација, но особено ја посочува лустрацијата како средство за пресметка со неистомислениците.
…Владата ја користи лустрацијата како средство за напад врз политичките противници и поранешните нелојални членови. Во Јуни парламентот усвои нов закон за лустрација кој содржеше бројни елементи од претходните закони кои два пати паднаа како неуставни на Уставниот суд. Дел од случаите кои беа објавени открија дека мнозинството од идентификуваните како лустрирани биле, всушност, жртви на комунистичката тајна полиција, а не полициски доушници, пишува во извештајот каде што се
И во двата извештаи и по толку години, условите во затворите како и злоупотребата на полициската моќ остануваат црна дамка во обидите на земјата да транзитира од полузатворено општество во демократија.