Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа.
Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани. Почнала четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која завршила со успех само во еден дел на Македонија.