Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ШТО СЕГА?

0
By Борјан Јовановски on March 27, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Никола преседовме саати и саати по разни биртии онака како што не личи нас маргиналците исфрлени од општеството и институциите, да се снаоѓаме како знаеме и умеме во нашата намера да се бавиме со таму некаво си новинарство.

Не знам за Никола, ама мене тие средби ми беа како носење автомобил на бензиска станица. Испразнет, исцрпен, често разочаран, по средбите и муебетите со Никола и ќе се насмеев и некако повторно ќе купев од него по некој грам енергија и ентузијазам. ”Остваруваме”, ќе си речевме на разделбата. Никола беше еден од малкуте колеги, на една рака ги бројам кои останаа со мене и по она што ми се случи во А1, и кога владината пропаганда ме прозиваше и етикетираше како предавик, платеник…и кога останав без работа.

Седенките со Никола беа едно од решенијата во тие моменти. Остваруваме друже…Остваруваме..и одевме понатаму..и се така до нашата последна средба. “Борјан и што сега?”, ми повторуваше Никола безброј пати на последната средба. Прв пат го видов уплашен и без одговор, а со прашања. Тоа не беше Никола, си мислев. Пропаднат, изморен во напорите да го одржи Фокус на правецот на кој што го постави и сакаше да го тера.

Последниот пат, првпат се разделивме без вообичаениот поздрав “Остваруваме”. Овој пат не купив ентузијазам од Никола. И тој го губеше..паѓаше..немаше повеќе одговори. Кој го знае Никола јасно му е дека Никола без одговори не е Никола. Епа не е….Од челик да си ќе те стопи лицемерието, лагата, изопаченоста на која сме изложени што индиректно, а во случајот на Никола често пати и најдиректно…

Никола не напушти папсан, обидувајќи се да докаже дека новинарството може и мора да постои за да биде дежурен критичар на било која власт со цел да и укаже кога ќе застрани од интересите на граѓаните.

Не е ОК што ме остави без одговор на прашањето – Што понатаму? Што сега? Никола беше тој кој требаше да ми даде одговор, а не од мене да го чека…така барем тој ме разгали…

Ако ти Никола го немаше одговорот, јас па ич, особено сега кога секна уште еден извор во оваа пустина.

Би сакал да можам на крај да ти ветам дека твојата смрт е аманет колку не има толку да вложиме уште повеќе за да стигнеме онаму каде што посакувавме…Искрено се плашам дека не сум во состојба да ветам такво нешто .

Ми останува да верувам или да се тешам дека помладите генерации построени во партиските бригади ќе си го стават прстот на глава и ќе сфатат дека партиската книшка не е вредност, туку проклетство, а дека вистинската вредност е да се препуштат на страста, знаењето, храброста во менувањето на општеството, барем исто онака како што направи ти со неполни 30 години, воведувајќи ја слободната мисла во затворениот медиумски простор во доцните 80-ти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.