Поради штрајк на грчката царина се затвораат граничните премини со Македонија.
Од полноќ во вторник па до среда на полноќ, втори и трети април, царинските служби во Грција ќе стапат во дводневен штрајк. Информацијата ја потврди и грчката амбасада во Скопје.
За товарни моторни возила, освен за товар со расипливи стоки, сообраќајот ќе биде целосно прекинат на премините Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија – Ники.
Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично но не е соопштен распоред за отворања и затворања на границата.