Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шведската национална авиокомпанија „SAS“ книжи дневни загуби од 13 милиони долари

0
By Mirjana on July 14, 2022 СВЕТ
Avionite na SAS i natamu prizemjeni
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пилотите во авиокомпанијата „SAS“ штрајкуваат веќе 11 дена, а со штрајкот се засегнати стотици илјади туристи, пред се оние од скандинавските земји.

Претставниците на работодачавот и на синдикатите во текот на вчерашниот ден ги продолжија преговорите по новиот колективен договор што беа прекинати на 4 јули, но не успеаја да ги надминат несогласувањата. Се очекува разговорите да продолжат денеска, најавуваат од синдикатот „Данск метал“ што ги застапува данските пилоти во „SAS“.

Авиокомпанијата што подолг период е во криза соопшти дека штрајкот во шпицот на сезоната на патувања резултира со загуби меѓу десет и 13 милиони долари дневно, во време кога компанијата се обидува да ги намали трошоците и да привлече нови инвеститори за да опстане.

Пилотите вработени во филијалата „SAS Skandinaviа“, велат дека прифатиле ограничено намалување на платите и нешто понеповолни услови, за од управата на компанијата да посочат дека понудените отстапки не се доволни за успешно спроведување на опсежниот план за спас најавен во февруари годинава.

Синдикатите исто така бараат пилотите отпуштени за време на пандемијата повторно да се вработат во „SAS Scandinavia“, наместо да бидат конкуренција на потенцијалните кандидати за работно место во новоотворените подружници „SASLink“ и „SAS Connect“ со седиште во Ирска.

Авиокомпанијата чии главни сопственици се владите на Шведска и на Данска со акции од по 22 отсто, откажа 201 или 64 отсто од за денеска планираните летови.

Авионите на шведската национална авиокомпанија и натаму приземјени протестираат вработените
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.