Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шведскиот парламент денеска ги изгласа измените на Уставот заради зајакнување на борбата против тероризмот

0
By Marta Pesevska on November 16, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: lifeinsweden.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шведскиот парламент денеска ги изгласа измените на Уставот заради зајакнување на борбата против тероризмот, што Турција го бара за да го поддржи влезот на земјата во НАТО. Парламентот денеска, исто така, изгласа и уставни  амандмани за шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите, пренесува МИА.

Уставниот амандман овозможува ограничување на принципот на слобода на здружување „кога група се смета за терористичка или поддржува тероризам“.

Против гласаше единствено опозициската партија Левица.

Амандманот, што ќе стапи на сила во јануари, треба да овозможи полесно гонење на членовите на Курдската работничка партија (ПКК), која Шведска и ЕУ ја сметаат за терористичка.

Турција го кочи приемот на Шведска и Финска во НАТО, обвинувајќи ги дека засолниле милитанти блиски до ПКК и Единиците за заштита на народот (YPG) кои дејствуваат во Сирија, а кои Анкара ги смета за терористи.

Шведска долго време имаше благи закони кога станува збор за борбата против тероризмот.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон минатата недела во Анкара вети дека ќе ги разгледа барањата на Турција, нарекувајќи ја уставната промена „голем чекор“.

Освен тоа, шведскиот Парламент усвои уставни амандмани кои се цел на критики поради нивното потенцијално влијание врз новинарството, пренесува германска ДПА.

Странската шпионажа на тој начин станува кривично дело и влегува во кривичниот законик.

Амандманите го ограничуваат правото да се собираат информации за шведската меѓународна соработка за објавување во медиумите, што се заштитени со Уставот.

Казниво станува и обезбедувањето информации што би можеле да им наштетат на односите на Шведска со другите земји или организации, како што се ОН и НАТО, наведе шведската телевизија СВТ.

Владата посочува дека тоа е неопходно за да се заштити безбедноста на земјата и да се затворат дупките во законите. Новинарите стравуваат дека овие мерки би можеле да влијаат врз заштитата на изворите и свиркачите.

Медиумите предупредуваат дека тоа ќе ги загрози демократијата и слободата на изразување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.