НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сигурноста и безбедноста на државата се најголеми придобивки од членството во НАТО, нагласува министерката Петровска

0
By Sashko on April 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемата придобивка од членството на земјава во НАТО е сигурноста и безбедноста што граѓаните на нашата држава денес ја чувствуваат, можат мирно да се разбудат, и да знаат дека се дел од големото семејство кое, пред сè, претставува политички и воен безбедносен сојуз, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Стратешката цел, членството во НАТО, е исполнета. Граѓаните денес веќе ги чувствуваат придобивките од тоа наше членување. Тоа го потврдија последните случувања на европското тло од безбедносен аспект. Она што се случува во Украина, кое што ние цврсто и силно го осудивме и како земја, но и како дел од НАТО Алијансата, покажува дека мирот не ни е даден еднаш засекогаш и не е загарантиран. Тоа е нешто што мора постојано да го негуваме и на него да работиме“, посочува Петровска во интервју за јавниот сервис МТВ по повод одбележувањето две години од членството на државата во НАТО Алијансата и придобивките од членството.

Во однос на бизнис заедницата која сега е во поповолна ситуација да привлекува директни странски инвестиции, таа посочи дека тоа треба да го помогне воспоставениот Центар за поддршка на компаниите кој дополнително треба да се зајакне.

„Јас како министерка стојам на располагање. Ги поканив, секако, и бизнис заедницата, стопанските комори и компаниите заедно да работиме на веќе воспоставениот Центар за поддршка на компаниите, на македонските компании кои сакаат да се промовираат себе си и да настапат на НАТО пазарот, тој центар да го развиваме, да го зголемиме со соодветна експертиза, со соодветни човечки ресурси но и со значајна методологија како тоа да го направиме. Овој центар треба да овозможи уште поголем и уште посериозен пробив на македонските компании на НАТО пазарот. На тој начин компаниите директно ќе ја почувствуваат придобивката од нашето членување во НАТО, вели министерката за одбана.

Запрашана во однос на правата, но и обврските кои ги носи со себе членството во НАТО од аспект на руско – украинскиот конфликт и последиците од него, Петровска потенцира дека Република Северна Македонија е рамноправен партнер во донесувањето на тие одлуки.

„Загрижени се сите и со право затоа што никој не веруваше дека во 21 век на европско тло може да се случи ваква груба и брутална воена инвазија врз една суверена и самостојна држава и тоа е нешто кое, се разбира, повторно ќе ја искористам оваа можност, да го осудиме. Граѓаните треба да знаат и се редовно информирани за тоа кои се придобивките и на НАТО Алијансата и на каков начин сакаме да помогнеме и практично ја искажуваме солидарноста и поддршката за украинскиот народ. Република Северна Македонија е рамноправен партнер во донесувањето на тие одлуки. Во НАТО Алијансата не се делат земјите на големи и на мали на први или последни пристапени, сите сме еднакви, рамноправни, гласот на сите, на секој од нас подеднакво се слуша и се вреднува но она што сите нас не обединува во тие наши излагања и донесувањето на одлуките е дека тие секогаш се засноваат на принципите и вредностите на НАТО Алијансата. Она што е поука и треба да биде и пораката која се прати, практично најголемата порака би рекла од оваа инвазија, е дека таа успеа да ги обедини и НАТО и ЕУ и поголемиот дел од светот и со тоа праќаме силна порака како сојузници и заедно со членките од Европската Унија но и другите земји кои се приклучија кон осудата дека компромис за демократија, за борба за човекови права, за човечки животи нема, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.