Будимпешта: Шансите за постигнување мир се многу поголеми преку преговори, повторно отворање на дипломатските канали и дијалог отколку со испорака на оружје, санкции и стратегија заснована на отфрлање на дипломатијата, изјави вчера шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто чија земја е актуелен претсдавач со ЕУ.
Тој за унгарското јавно радио додаде: Сега на сите им е јасно дека стратегијата на Европа и САД во изминатите две и пол години војна во Украина не дала резултати, иако западните политичари не сакаат тоа јавно да го признаат бидејќи тоа би значело признавање на поразот.
Санкциите беа пукање во стапало, па во колено, па во гради за европската економија, додека испораките на европско и американско оружје не ја променија ситуацијата на бојното поле и не ја доближија војната до крајот, рече Сијарто