Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтаровата скала денеска е регистриран на Нова Каледонија, објави американскиот геолошки институт (УСГС).
По земјотресот беше објавено предупредување за појава на цунами на островот Лојалити, но беше повлечено по кратко време.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.