Силна експлозија одекнала во Бејрут, главниот град на Либан, јавуваат израелските медиуми.
Како што пишува „Jerusalem Post“, целта бил висок командант на Хезболах.
Со денови се очекуваше израелска одмазда за ракетниот напад на фудбалскиот терен на окупираната Голанска Висорамнина, каде загинаа десетина лица.
Израелците го обвинија Хезболах за тој напад и најавија одмазда.
Хезболах нагласи дека тие не се одговорни за нападот.
Дипломатска активност на Американците, кои се обидуваат да го задржат Тел Авив и се обидоа да го одвратат Израел да го нападне Бејрут и важната инфраструктура низ земјата, трае со денови.