Едно лице загина, а две се повредени во експлозија на гас што попладнево се случи во Кремс, Австрија.
Експлозијата се случила нешто по 13:30 минути во хемиска компанија во Кремс. Во тоа време се одвивале работи за реновирање на зградата.
Според командантот на окружната противпожарна бригада, Мартин Боер, две лица биле во зградата кога се случил инцидентот.
Во моментот на терен се околу 60 пожарникари, а причината за експлозијата се уште не е позната.