Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Син на корумпиран азербејџански министер стана почесен конзул на Македонија

0
By Сашка Цветковска on May 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амар Мамадов во средина

Анар Мамадов, син на азербејџанскиот министер за транспорт Зија Мамадов, е назначен за почесен конзул на Македонија во Азербејџан. Медиумите во Азербејзџан ја пренесуваат веста дека македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски го назначил Мамадов за конзул, пренесувајќи ја неговата писмена изјава во којашто Попоски за одлуката го известува азербејџанскиот министер за надворешни работи.

– Основачот на една од најголемите компании во Азербејџан, „Гарант Холдинг“, основачот и претседател на Азербејџанската голфска федерација и основачот на Азербејџанско-американската алијанса е назначен за почесен конзул на Азерјбеџан во Македонија со цел „понатамошно зајакнување и развој на врските помеѓу двете држави“, вака медиумите во Азербејџан блиски до власта ја пренесуваат веста за новата, дипломатска обврска и укажана чест на синот на тамошниот министер.

На површината, референците на младиот азербејџански бизнисмен звучат допадливо. Но, ако неговата биографија се погледне низ призма на новинарските истражувања посветени, тогаш Амар Мамадов го симболизира раскалашеното потомство на корумпираната азербејџанска политичка елита.

Синот Мамадов директорува или е акционер во низа компании кои благодарение на силните политички врски држат монополи во многу бизнис сектори во земјата, а „цедат“ и многу од државните пари кои се доделуваат на владините тендери. Неговиот татко важи за многу близок до „фамилијата“, како што популарно во Азербејџан ја нарекуваат малата моќна група од неколкумина собрана околу претседателот Илхам Алијев.

За бизнис империите на „фамилијата“, сепак, многу малку ќе прочитате во азербејџанските медиуми. Повеќето од новинарите истражувачи објавуваат надвор од својата земја бидејќи претседателот Алијев се има „погрижено“ речиси до ниво на перфекција да ги убие слободните медиумите. Земјата важи за една од десетте држави во светот со најсилна цензура, според „Фридом Хаус“, а околу 10 новинари и блогери се во затвор поради своите критички текстови на адреса на власта.

Преку мрежа на оф шор компании на имиња на нивните деца и брачни другари, претседателот Алиев, како и неговите блиски соработници во владиниот кабинет, буквално го поседувааат речиси целиот поважен бизнис во земјата. Нивните компании се успешни благодарение на лукративните и неконкурентни тендери.

Со само една од компаниите во кои како содружник се јавува Анар Мамадов, „Банглан Груп“, од азербејџанскиот буцет се цедат милиони евра за тендери за автопати, увоз на автобуси и автомобили за државните и јавни претпријатија, а компанијата има и банка чии што услуги понекогаш се „задолжителни“ за приватниот и државниот сектор. Другите фирми на Мемадов работат во сферата на хотелиерството, осигурувањето и градежништвото.

Сепак, вистинската моќ лежи во таткото Мамадов, кого западните медиумите го опишуваат како „корумпиран политичар тежок милијарди долари“ кој е дел од олигарската фамилија под контрола на претседателот Алијев. Неговиот син и, сега веќе почесен конзул во Македонија, вниманието во печатот го добива најчесто преку имиџот на „плејбој кому му е здодевно“.

Тој стана ѕвезда во светските медиуми кога на една од неговите мегаломански забави платил 1,2 милиони долари за на својата забава да може да има дива мечка од заштитен вид, само за своја лична забава, а која потоа била жива одрана и испечена за него и неговите пријатели на забавата. Во друг инцидент, Анар Мамадов беше и протеран од Дубаи поради неговата дива забава во еден од рестораните во градот.

писмената изјава со којашто Попоски го информира колегата во Азербејџан за одлуката за избор на Мамадов за почесен конзул

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.