На интернет се појави шокантен видео запис на кој командант од сириска бунтовничка група откорнува срце на убиен човек во униформа на владините војници и потоа го гризнува срцето. Снимката предизвика бурни реакции на згрозеност во светската јавност.
Ваквата снимка, според организацијата Хјуман Рајтс Воч, ја изразува суштината на граѓанската војна во Сирија, во која има убиства мотивирани од омраза и желба за одмазда меѓу спротивставените групи.
Според оваа организација, мажот на видео записот е основачот на бунтовничката група „Бригада Фарук“, Абу Сакар, чиј идентитет го потврдиле и бунтовнички извори во Хомс.