Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во моментот одржува редовен брифинг за францускиот модел за решавање на македонско-бугарескиот спор и деблокирање на процесот за евроинтеграција на земјата.
„Изминатите денови се наслушав и начитав многу шпекулации за јазикот. Затоа и денешниот брифинг е збор по збор, не само да ги демантираме, туку и да ги демонтираме таквите шпекулации. Сите коментари во однос на јазикот се лжни, манипулативни и кажани од суета. Најодговорно тврдам дека македонскиот јазик не е предмет на преговори во преговарачката рамка и ќе биде еден од 25 официјални јазици на Европската Унија, без никакви фусноти. Тоа прашање е решено“, рече, меѓу другото, Османи на брифингот во однос на македонскиот јазик.
Османи рече дека најголематпридобивка на овој процес е еднаш засекогаш да се затвори прашањето за идентитетот.
„Никој нема право да го оспорува јазикот“, рече Османи.
С.Д.