Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сител да се извини за цивилизациските штети, па нека повели на пазарот

0
By Борјан Јовановски on November 1, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјал демократите за изборна кампања потрошиле 155.637 евра за објава на реклами на ТВ Сител. Во нашата НОВА беа инкасирани за истата услуга 156 пати помалку или 1.000 евра.  Одма да се разбереме дека јас немам никакви илузии околу тоа дека ТВ Сител е најгледана телевизија во Македонија и дека на СДСМ му требаше за време на изборната кампања да испрати порака до оние луѓе, особено во руралните средини, на кои главен извор на информирање им е ТВ Сител. Малку ми е дискутабилно тоа дека Сител е 156 пати повлијателна од НОВА, но за тоа во друга прилика.

Тоа беше и аргументот на сите членови и симпатизери на СДСМ кои се огласија на социјалните мрежи во бурната полемика која ја предизвика оваа информација. Ок. Разбирам. Станува збор за реалполитик во чија матрица главното мото е „целта ги оправдува средствата“ . Па сепак јас не сум политичар. Јас сум новинар и еден од императивите на мојот занает е да ги штити и афирмира принципите. Воден од тие начела на мојата професија, јас не можам да ги премолчам фактите и за тоа како ТВ Сител стана најгледана телевизија во Македонија.

Дозволете да потсетам дека Сител овој примат го доби благодарејќи на варварското затворање на до тогаш најгледаната А1 ТВ, по што 700 семејства останаа без никакви примања. Голем дел од нас вработени во таа телевизија бевме забранети да се појавиме или да бидеме ангажирани од било која телевизија. Нашиот грев беше вистината. Се снаоѓавме како знаевме.

Нашата НОВА ја формиравме онаква каква што ја познавате со 50.000 долари во кои беа вклучени сите трошоци за нејзино функционирање. Парите ги добивме од канцеларијата на Сорос во Лондон, за што користам прилика јавно да им се заблагодарам. Ова  се вистинските бројки, наспроти небулозите на пропагандата за не знам какви профити во нашите џебови.

Наспроти нас, Сител, барем колку што слушнавме од Сашо Мијалков лично добивал по 2 милиони евра годишно. Ова е само еден извор на информација за тоа колку пари се слевале во таа ТВ. Убеден сум дека бројката 2 е барем за двапати поголема. Со тие пари и таа политичка поддршка ќе беше трагично таа и таква Сител да не биде најгледаната телевизија. Ова е што се однесува до бројките.

Но уште пострашно е што Сител своето влијание освоено насила, го користеше за брутална манипулација на јавноста со ширење на лажни вести, дискредитација на поединци, сатанизирање на се што не е по вкусот на власта, без око да им трепне за последиците кои нивните таргети ги имаа во секојдневниот живот и борбата да се опстане во услови на еден брутално простачки режим. Да се разбереме, не посакувам ТВ Сител да биде затворена. Во таа телевизија работат и мои пријатели, па и колеги кои се уште ги сметам за вредни и покрај се. Тие луѓе работат вредно и издржуваат семејства од приходите во Сител, иако со сигурност знам за некои од нив дека се срамеа што на онаков или ваков начин беа дел од таа грда пропагандна машинерија.

Сител, што се однесува до мене треба да продолжи да опстои на медиумската сцена но…да не се правиме блесави. Сопствениците на Сител, без разлика каква уредувачка политика ќе изберат во иднина, се должни пред секој еден граѓани на Република Македонија, прво, јавно да се извинат од нивниот екран за цивилизациската навреда која му ја нанесоа на ова општество. Кривичната одговорност е сосема друга работа. Овде зборувам за морална одговорност за сите антицивилизациски активности.

Ѕинговци се должни да побараат прошка од јавноста и сите жртви на таа телевизија, не за да им се ситиме, тука за да бидеме сигурни дека е поразен еден варварски систем на начин во кои сме сигурни дека никогаш повеќе нема да дозволиме да ни се случи.

Да заклучам, како основач на НОВА сакам фер пазар и фер борба со секој медиум кој го заслужува тој атрибут. Медиум не може да биде се и сешто. Медиумот има цивилизациска обврска да информира со факти, да обезбеди фер простор за дебата во која ќе бидат изнесени различни гледишта, да има општествена одговорност. Кога таков медиум ќе биде највлијателен, немам никаков проблем да прифатам дека неговата цена на пазарот е највисока.

НОВА ја основавме со желба да афирмираме принципи на модерно демократско општество и воедно да ги демаскираме сите обиди за подривање на тие вредности. Во контекст на таа наша мисија беше и мојата реакција  како израз на замор па и болка да се опстои на принципите во време кога за нив не се даваат ни пет пари.  Време е за вредности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.