Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал во Собранието – повторно се прекрши деловникот

0
By Сашка Цветковска on February 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На седницата за предложените измени во деловникот изби скандал – поради недостиг на кворум со оглед на тоа што пратеницитен а ДУИ не се појавија. За да се обезбеди кворумот, пратениците од ВМРО ги повикале и своите заменици членови.

На ова реагираше пратеникот Изет Зекири од НПД кој побара да се поништи седницата. Според Зекири, ова е грубо кршење на деловникот бидејќи не може и членовите и замениците на членовите на една иста партија да бидат на седница и двајцата да гласаат.

“Не може заменици членови на ВМРО да заменуваат членови на други политички партии. Па ако е така, тогаш ВМРО ДПМНЕ може без проблем и без ДУИ да си го донесе и законот за бранители. Ова е без преседан, скандал. Јас повеќе немам верба во деловникот”, вели Зекири

Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ, претседател на комисијата, му одговори на Зекири велејќи дека тој не го разбирал деловникот.

“Секоја комисија има членови и заменици членови и освен за претседателот, каде што има заменик претседател ниеден член не е поименично поврзан со ниеден заменик, така што имате апсулотно погрешно толкување на деловникот”, рече Николоски

Зекири за Нова раскажува дека на почетокот на седницата дошле 4 пратеника. Откако Николоски увидел дека нема кворум бидејќи никој од ДУИ не бил присутен, си повикале и двајца заменици на членовите од ВМРО ДПМНЕ. Зекири најавува дека ќе ја спори одлуката донесена на оваа комисија како нелегитимна.

Во секоја од собраниските комисии се бираат членови и заменици на членовите, кои во случај на отсуство на членот можат да учествуваат на седниците наместо него.
Во видеото погледнете го целиот коментар на пратеникот Изет Зекири за денешните случувања во парламентот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.