Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје чита пораки од Будимпешта – екстрадицијата на Груевски ја отвори пукнатината во ВМРО-ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on May 4, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2026 16:13

„Ако министерот не сака да стане дел од една голема валкана игра од минатото, собирајќи ги предметите од судот за мене, независно што тогаш бил член на СДСМ, нека се потруди и нека ги провери и овие работи, па потоа нека дејствува како што е праведно и воден од својата совест и законите“, напиша Груевски.

Фросина Факова Серафиновиќ

Додека експремиерот Никола Груевски тврди дека правосудството во Македонија и натаму работи по методите на СДСМ, премиерот Христијан Мицкоски порачува дека Владата нема двојни принципи и дека за сите важат истите закони.

Пораки без директен напад, но со јасна политичка тежина, отворија простор за толкувања дека зад сцената има судир меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски, човекот што му го отвори патот да застане на чело на партијата.

Темата се разгоре по фејсбук-објава на Груевски, откако идниот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека ќе го врати во Македонија. Груевски, кој се наоѓа во Унгарија со политички азил, упати директни критики кон министерот за правда Игор Филков, кадар на ЗНАМ, партија што е дел од владејачката коалиција, но и кон македонскиот правосуден систем, кој го нарече „пародија“.

Иако Владата ја предводи неговиот наследник Мицкоски, Груевски во објавата остави впечаток дека, според него, во земјава и понатаму владеат методите на СДСМ.

„Го слушнав излагањето на министерот за правда на Македонија, објаснувајќи им на медиумите и на јавноста како ревносно собирал информации од судовите и како ја чекал новата власт во Унгарија за да се информира за промената на мојот статус тука и да започнел постапка за екстрадиција. Го гледам и се прашувам, кој е на власт во Македонија?!“, напиша Груевски на Фејсбук.

Дали Заев е на власт во Македонија?

Тој додаде дека, гледано од страна, воопшто не личи дека партијата на Зоран Заев со неговата омраза и валкани методи си заминала од власт, и му порача на Филков исто толку ревносно да ги истражи, како што наведува, злоупотребите, незаконските постапки и монтираните судски процеси од времето на Заев.

Груевски тврдеше и дека постоеле списоци од кабинетот на Заев за тоа кој треба да биде гонет, кој да биде отстранет од политиката, а кој да биде уценет или натеран лажно да сведочи.

„Ако министерот не сака да стане дел од една голема валкана игра од минатото, собирајќи ги предметите од судот за мене, независно што тогаш бил член на СДСМ, нека се потруди и нека ги провери и овие работи, па потоа нека дејствува како што е праведно и воден од својата совест и законите“, напиша Груевски.

Исто како и Груевски и Мицкоски на одговор на новинарско прашање дали се препознал во статусот на бегалецот, не го спомена со име, но на „оние кои се грижат за владеењето на правото во оваа земја“ им порака дека тоа е приоритет на владата и индиректно порача дека за Груевски ќе важат истите закони како и за сите. Тој повеќе се осврна на барањата на опозициската СДСМ министерот за правда да побара екстрадиција на Груевски.

– Мојот став е оној што го кажав пред неколку недели и тој е непроменет. Тоа важи за сите оние што се грижат за владеењето на правото во оваа земја. Ние како влада се грижиме за владеењето на правото и тоа ќе остане – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека постои правна процедура и дека таа ќе биде почитувана.

-Мојот став е оној којшто го кажав пред неколку недели и е непроменет. Тоа важи за сите оние кои се грижат за владеењето на правото во оваа земја. Ние како влада се грижиме за владеењето на правото и тоа ќе остане. Што се однесува до тврдењата на СДСМ, си има правна процедура и се разбира дека сите правни процедури ќе бидат застапени, така што владата нема двојни принципи и апсолутно секој оној кој верува во владеењето на правото ќе го поддржи ова однесување на владата, а секој оној кој е соочен пред правосудните органи има свои права согласно законите и Уставот и тие права му се на располагање – изјави Мицкоски.

Од Кривичниот суд информираа дека сите барања од Министерството за правда, по број на предмет, биле предадени до Министерството. Сепак, од одговорот на Министерството може да се заклучи дека документацијата сè уште се комплетира.

Документацијата уште се комплетира

Филков јавно не му возврати на Груевски, но од Министерството за правда соопштија дека постапката се води институционално и без влијание на политички изјави.

„Министерството за правда постапува исклучиво во согласност со законите и меѓународните договори. Во однос на случајот со Никола Груевски, се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамки на законската процедура“, велат од Министерството.

Филков претходно изјави дека се чека формирањето на новата влада во Унгарија за тамошните институции да бидат известени дека Македонија е заинтересирана за случајот со Груевски.

Маѓар, по победата на изборите, најави екстрадиција на Груевски и порача дека Унгарија нема да биде „депонија за странски криминалци“. Сепак, според правни толкувања, политичкиот азил на Груевски не може да се укине преку ноќ, а има информации и дека тој има унгарско државјанство.

СДСМ, пак, реагираше дека Груевски мора да биде приведен.

„Криминалецот мора да биде приведен пред правдата и да одговара за делата што ги сторил“, соопштија од СДСМ.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

гтуевски фросиуна факовиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.