Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

0
By Zoran Ivanov on May 23, 2026 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 23, 2026 10:46

Гарден Гроув: Над 44.000 луѓе се евакуирани од повеќе места во јужна Калиорнија поради опасност од можна експлозија на резервоар со токсична хемикалија во воздухопловен погон во округот Оринџ, јавува Би-би-си. Властите предупредуваат дека оштетениот резервоар би можел да попушти, што, пак, мое да доведе до голема и опасна експлозија.

Командирот на противпожарната служба на округот Оринџ изјави дека во индустрискиот резервоар во погонот се наоѓаат околу 26.500 литри метил-метакрилат – многу испарлива и лесно запалива токсична хемикалија која се користи во производството на пластика.

Резервоарот ќе откаже, само не знаеме кога, изјави Грег Кови на прес-конференција, додавајќи дека ова е една од најопасните ситуации со кои се соочил во својата 32-годишна кариера.

Според властите, во постројката има три резервоари, а кај еден од нив дошло до дефект на системот за ладење.

Постојат две можни сценарија – резервоарот да протече и да ослободи илјадници литри опасни хемикалии, или да дојде до неконтролирано загревање и експлозија што би можела да ги зафати и околните резервоари со гориво и хемикалии.

Засега нема активно истекување ниту опасни честички во воздухот, бидејќи резервоарот е доволно разладен. Сепак, експертите предупредуваат дека метил-метакрилатот може да предизвика иритација на дишните патишта, кожата и очите, како и мачнина и вртоглавица.

Противпожарните екипи интервенирале во воздухопловниот погон на компанијата GKN Aerospace во градот Гарден Гроув по пријава за инцидент со опасни материи.

 

гас експлозија Калифорнија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.