Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје 2014 не е завршен, потрошени се 208 милиони евра

0
By on April 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


„Не се плашиме од ревизијата што ја најави идниот градоначалникот Андреј Жерновски“, изјавија екс градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Тие, четири години по започнувањето на контроверзниот проект Скопје 2014, денеска објавија детални суми на чинење на објектите од Скопје 2014 кое, според нив, вкупно чинело 208 милиони евра. Според Тодоровиќ тоа и не било толку фрапантна сума со оглед на тоа дека 40 милиони евра се вратиле во државата во вид на ДДВ и се раздвижило градежништвото.

Проектот Скопје 2014 не е завршен, тој и натаму ќе продолжи да се гради.

Министерството за култура и Службата за општи и заеднички работи за 33 скулптури во центарот на градот, за Порта Макеоднија, Три врби во Вардар, Музејот на македонската борба, Стар театар, Концертна сала, Археолошки музеј и Уставен суд, зградите на МНР, и Јавно обвинителство и потрошиле околу 110 милиони евра.

Најскапи од сите нив се зградите на Археолошкиот музеј со Уставен суд и Стариот театар.

Иако до пред неколку недели, Министерството за култура не знаеше колку чини Стариот театар, сега излегоа со бројка од 36,8 милиони евра. Оваа сума била достигната со анекс догвори и дополнителни договори.

Музејската поставка на Археолошкиот музеј и ентериерот чинат 8,1 милион евра, а изградбата на целата зграда изнесува 27 милиони евра. За зградата на Министерството за надворешни работи потрошени се 19,2 милиони евра, а за зградата на Финасиска полиција и јавно обвинителство 14 милиони евра. Концертната сала на МОБ чини 7,4 милиони евра.

За 33 скулптури во Центар, Министерството за култура платило 885.800 евра. За трите врби во Вардар првичниот договор изнесувал 245.360 евра, ама биле доплатени уште 30.000 евра за проектантски надзор и уште 4.000 евра за стручен надзор, па така трите врби достигнале до сума од 270.000 евра.

Првичниот договор за Триумфалната Порта Македонија бил 4,3 милиони евра, сумата пораснала на 5,1 милиони евра со анекс договор за градежни работи, стручен и проектанстки надзор, проект за ентериер, стручен проектантски надзор на ентериер, анекс договор за ентериерна работа и останати работи во што спаѓа одржување на лифт

Владата за проектот „Скопје 2014“ на Општина Центар ѝ дала 41 милиони евра, сепак, со анекс-договорите, оваа сума се зголемила за дополнителни 63 милиони евра, соопшти градоначалникот во заминување, Тодоровиќ.

Според Тодоровиќ, симболот на Скопје 2014 скулптурата на Александар, познат како „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија чинела вкупно 10 милиони и 490 илијади евра. Од нив 649 илијади евра биле за хонорар на авторката Валентина Стевановска.

Следни по потрошени пари се споменикот на Цар Самоил, кој чини 1,7 милиони евра, Цар Јустинијан 1,8 милиони и споменикот на Гемиџиите кој чинел 1,45 милиони евра

Директорот на СОЗР на Владата, Васе Доневски информираше и за трите објекти што се во нивна надлежност: Зградата на Министерството за надворешни работи 19.251.506 евра, Јавни обвинители и финансова полиција – не е завршен и се очекува да не надминува 14 милиони евра и објектот за Уставен суд, Археолошки музеј и Државен архив на РМ 27.597.681 евра. СОЗР има и други проекти надвор од Скопје 2014, како подземни гаражи на Уставен суд, подземни гаражи МОБ и партерно уредување, ФДУ и јавна администрација и фасада на Влада, за која договорот од 9.290.000 евра е склучен и деновиве ќе почне реконструкцијата

Проектот Скопје 2014 започна во 2008 година и за 4 години сосема го смени личниот опис на центарот на Скопје, беше жестоко критикуван во јавноста, обвиен со тајни за вистинските суми кои се потрошени за него. До денеска никогаш јавно власта не проговори колку пари се потрошиле.

Идниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски најави ревизија на проектот 2014 во општината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.