НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје меѓу танцот на кобрата и боливудските сапуници

0
By Sashko on September 16, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Нема ни цела година откако Скопје го погоди политичката непогода – Данела и градски совет со мнозинство во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и ним слични, да не ги набројуваме сега, ќе мислат дека се важни. Тука некаде би требало да престане одделното спомнување на името на градоначалничката и партијата во која, само формално не е член, но затоа целосно ѝ припаѓа. Јавноста го следи и коментира како судир меѓу Данела и ВМРО-ДПМНЕ.

Да не се лажеме. Во суштина, овде се работи за внатрепартиски судир кој излезе од контрола и ништо повеќе.

На самиот почеток на владеењето со градот, Данела „се прослави“ со неколку исклучително штетни одлуки кои многу скапо го чинат и допрва ќе го чинат главниот град. Следеа и кавги пред камери (како пред Универзална сала) во кој не се виде ништо друго освен веќе добро познатата ароганција од времето на Режимот.

Потоа, Данела се повлече во длабоките води на анонимноста, односно престана да комуницира со јавноста. Исто така, многу добро познато. Ги покажа сите симптоми на децениската антидемократска „болест“ на авторитарната партија на Груевски, чиј шеф повеќе од пет години е Мицкоски.

И потоа, има конфликт меѓу „независната“ Данела и ВМРО-ДПМНЕ? Актерот Кили на ова, мошне соодветно, би рекол „ма немој да ме је**ш бре“. Не, уште еднаш и уште милион пати – не. Се работи за тежок конфликт внатре во партијата. Може Данела да тврди дека е „независна“ колку сака, а вмро да се откажува од неа колку сака, но едно е јасно. Овде се работи за гола борба околу милионски суми (во евра). Невообичаено е само тоа што борбата околу милионите евра, јавни пари (!), излезе на површина. Инаку, вмровците се познати по тоа што конфликтите ги држат херметички затворени, далеку од очите на јавноста. Сѐ друго е партиска класика.

Конфликтот меѓу Данела и градскиот совет доминиран од вмровците, предводени од цел еден екс-министер за финансии на Груевски и универзитетски професор, скарани околу вртоглави милионски суми (во евра), на површина ја изнесе сета нечистотија на политиките во изминатите десет месеци. „Неутралците“ што ја донесоа „независната“ Данела на власт се обидуваат од ова да изградат нов наратив што ќе им ја смири совеста. Пошироката публика се забавува со коментари на комичните нишкања со главата од говорницата (нешто помеѓу танц на кобрата и преглумувањето во индиските сапуници). За тоа време, десетици милиони евра остануваат „стопени“ некаде меѓу злоупотребите, неспособноста и криминалот.

Но да ја тргнеме на страна политичката бурлеска. Ни сеирот не е целосно наивен, туку се наѕира политичко калкулантство (крајно погрешно) – кој со кого и како ќе оди во можни прегрупирања, што ќе произлезат од внатрепартискиот конфликт во вмро на линија Данела – Мицко (1:0). Уште поважно за граѓанките и граѓаните на Скопје (и пошироко) е: Што после сето ова соголување на скопската циркуска арена? Ќе чекаме „бандите на Њујорк“ самите да се испотепаат меѓу себе?

Што направија „неутралката“ и вмровскиот градски совет во меѓувреме? Накратко – десет месеци нефункционална градска власт, очигледно ефикасна само во дисциплината „рачињата во медот“ кои, демек, ги фатила Данела. Ги гледаме како се испотепаа (вербално) околу тешки милиони во евра. Данела практично призна – додека молчела, била добра. Сега, откако непознат број милиони евра се злоупотребени, а веројатно исто толку пропаднаа поради неспособност и ароганција, вмровците бараат оставка од таа што ја креваа до небо пред 10 месеци.

Скопје заслужува барем малку повеќе од живот меѓу танцот на кобрата и боливудските сапуници. Без оглед на тоа што мнозинството одлучило да биде „неутрално“ на локалните избори.

Во ваква ситуација, централната власт ги презема ингеренциите. И започнува истрага за корупција и злоупотреба на јавните пари.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.