Неформалната организација Скопје Прајд која ја организираше првата парада на гордоста во Скопје во историјата на С.Македонија во 2019 го напиша следното на својот Фејсбук профил:
Што е 17. мај?
Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија, интерфобија и трансфобија беше создаден во 2004 г. за да се сврти вниманието кон насилството и дискриминацијата што ги преживуваат лезбијките, геј мажите, бисексуалните, трансродовите, интерсекс и другите луѓе со различни сексуални ориентации, родови идентитети или експресии и полови карактеристики.
Датумот 17. мај беше специјално избран за да се одбележи одлуката на Светската здравствена организација од 1990 г. да ја декласифицира хомосексуалноста како ментално растројство.
Денот претставува значајна годишна манифестација во светски рамки за да се привлече вниманието на носителите на одлуки, јавноста, корпорациите, креаторите на јавното мислење, локалните власти итн. во врска со алармантната ситуација со која се соочуваат луѓето со различни сексуални ориентации, родови идентитети или експресии и полови карактеристики.