Ивон Величковски: Одмолчувањето на негирањето на геноцидот значи директно спротивставување на државната политика на Северна Македонија означена со гласањето за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Генералното собрание на ОН. Одмолчувањето на проруските ставови на Додик кои ја оправдуваат агресијата врз Украина секако значи и согласување на присутните со овие позиции спротивни на демократскиот свет од Атлантикот до Уралот. Останувајќи во салата при ваквите говори, Мицкоски во име на партијата и Владата, но и Филипче во име на своето раководство им порачаа на Македонците дека се согласуваат со политиката на „српскиот свет“ како балканска екстензија на проекцијата на рускиот. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.