Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Априлијада – суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, …

0
By Zoran Ivanov on April 1, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2026 09:36

Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги.

Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера. Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“.

ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје, денеска со почеток во 10:30 часот во Градски трговски центар ја организира традиционалната детска програма. Настанот вклучува ревија на маскирани деца од градинки и основни училишта, танцови точки, настапи на балетската секција при ДКЦ „Карпош“, солисти од ЗОО Азбука, студијата Бреак А Лег и Марбал, како и „Златните славејчиња“.

Посебна атракција за посетителите ќе бидат настапите на кловнови, маскоти од познати цртани филмови како и пантомимичар, кои преку интерактивна забава и хумор ќе создадат вистинска карневалска атмосфера и ќе ја раздвижат публиката. За крај, публиката ќе ужива во сегменти од детскиот мјузикл „Аладин и волшебната ламба“ изведени на македонски јазик од студиото Бродвеј јуниор.

Настанот е наменет за деца, родители и поширока јавност, со цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на заедништво. Едноставно, „Априлијада“ е забава за сите генерации.

Први април, Денот на шегата, ширум светот се одбележува како ден посветен на хуморот, смеата и безопасните шеги. Во нашата земја, традиционално, најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекари и ликови од цртани филмови дефилираат низ градот, создавајќи ведра и шарена атмосфера.

Градот оваа година повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје, денеска со почеток во 10:30 часот во Градски трговски центар ја организира традиционалната детска програма.

Настанот вклучува ревија на маскирани деца од градинки и основни училишта, танцови точки, настапи на балетската секција при ДКЦ „Карпош“, солисти од ЗОО Азбука, студијата Бреак А Лег и Марбал, како и „Златните славејчиња“.

Посебна атракција за посетителите ќе бидат настапите на кловнови, маскоти од познати цртани филмови како и пантомимичар, кои преку интерактивна забава и хумор ќе создадат вистинска карневалска атмосфера и ќе ја раздвижат публиката.

За крај, публиката ќе ужива во сегменти од детскиот мјузикл „Аладин и волшебната ламба“ изведени на македонски јазик од студиото Бродвеј јуниор.

Настанот е наменет за деца, родители и поширока јавност, со цел да ја поттикне детската креативност, уметничкиот израз и духот на заедништво. Едноставно, „Априлијада“ е забава за сите генерации.

 

априлијада скиопје ученици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
ФОКУС
April 1, 2026

Белград: Владан Ѓокиќ: Не дојдоа да истражуваат – дојдоа да понижат

ВЕСТИ April 1, 2026

Шеснаесет луѓе загинаа во Нови Сад. Никој не одговараше. Никој не беше сменет. Ниеден ресивер…

Ленче Ристоска ќе остане без Талир 1 и Талир 2 – обвинителските предмети против ВМРО-ДПМНЕ ќе и бидат одземени

March 31, 2026

Белград: Протест пред Ректоратот поради упадот на УКП – инциденти, судир меѓу полицијата и граѓаните

March 31, 2026

Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси

March 30, 2026
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.