Тел Авив: Израелскиот парламент усвои закон со кој се одобрува смртна казна за Палестинци осудени за терористички напади со смртоносни последици, мерка што беше остро осудена од меѓународната заедница и организациите за човекови права како дискриминаторска и нехумана.
Шеесет и двајца пратеници, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху, гласаа „за“, а 48 „против“ предлог-законот, зад кој стоеше крајно десничарскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир.
Во пресрет на гласањето, Бен Гвир носеше значка во форма на јамка, симболизирајќи ја својата поддршка за законското решение. По усвојувањето, тој објави на Икс: „Испишавме историја! Ветивме. Испорачавме“.
Од денеска, секој терорист ќе знае, а и целиот свет ќе знае, дека кој ќе одземе живот, државата Израел ќе му го одземе животот, им рече тој на пратениците.




