Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Балканот- следната европска криза

1
By Нова ТВ on July 26, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија и Турција готват неволја, додека Европската Унија е првенствено фокусирана на своите проблеми.

На неодамнешен тинк-тенк состанок, доброинформиран германски службеник беше прашан кој европски проблем најмногу го загрижува. Тој без двоумење одговори дека тоа е западен Балкан, каде што се готви нова криза додека Турција и Русија го мешаат котелот.

Во неговото најлошо можно сценарио, Русија и Турција би ги охрабриле своите пиуни на Балканот, Србија и Албанија да им помогнат да ги прецртаат границите во регионот. Српската влада, со руската поддршка би присвоила голем дел од Босна кој е населен со етнички Срби. Турската поддршка би помогнала Албанија да изведе сличен маневар,  не само во претежно албанскотот Косово, туку и во Македонија, каде што голем дел од албанското малцинство би сакало да се присоедини со земјата која ја сметаат за своја татковина.

Овој след на настаните е неверојатен. Некои од териториите за кои се залагаат борците за Голема Албанија се во Србија, па ќе биде тешко за овие две земји да се договорат за нова мапа. Но, ова не е невозможен исход, иако идејата повеќе би му прилегала на некој негативец од филмовите со Џејмс Бонд, отколку на некој министер за надворешни работи. Бројот на негативци кои наликуваат на оние од филмовите со Џејмс Бонд, секојдневно никнуваат во политиката денес.

Реалноста врз која се поставени германските грижи е мрачна. Балканското клопче се одмотува и сега Западот мора да се грижи за многу повеќе од само руското задирање. Турција станува НИНО (самонаречена НАТО) сила, и покрај длабоките турски сомнежи, претседателот Реџеп Таип Ердоган е во блиска соработка со претседателот Владимир Путин.

Она што ги зближи Турција и Русија е нивниот заеднички антагонизам со Германија и Европската Унија. Русите не само што го мразат НАТО, туку ја гледаат Европската Унија како пречка против историски моќната улога на Русија во европските односи. Турција исто така се сврте против ЕУ и бара лост против Германија и другите земји членки. За Русија и Турција, шансата да предизвикаат проблем во Европа, со релативно мал ризик е предобра за да ја пропуштат.

Европската перспектива на земјите како Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и Босна, допринесе многу за одржување на кревкиот мир на западен Балкан. Секоја балканска земја повеќе би сакала да е дел од ЕУ, отколку да биде о сојуз со Русија или Турција.

Но, надежите за блиско членство во ЕУ избледнуваат. Европа ја губи Британија и има потешкотии снаоѓајќи се со членките како Унгарија и Полска. Дваесет и осумте, наскоро 27 членки на ЕУ, немаат желба да примат пет нови балкански земји кои само ќе ја направат Унијата потешка за уредување и ќе очекуваат финансиска помош од преоптоварениот Европски буџет.

Србите и Албанците самите сигнализираат дека доколку Западот си замине со своето влијание, тие ќе мора да се свртат кон истокот и тоа би значело вртење кон националистичка агенда со руската и турска помош.

За ЕУ, нова рунда на балкански хаос би значело катастрофа: бегалци, криминал, радикализација меѓу балканските муслимани, поголеми можности на непријателските сили да добијат влијание на сметка на ЕУ. Но, ЕУ смета дека нема да може сама да го изменаџира Балканот. Соединетите Американски Држави ќе мора да бидат дел од решението, велат Гермаците.

Дали С.А.Д. ќе ја игра играта? Вклучување во сплетките на далечниот Балкан, за да го олесни животот на Германија, не е точно она што Доналд Трамп го има замислено како идеја за паметна надворешна политика. Дури и претседател како Бил Клинтон, се држеше настрана две години од пост југословенските војни. Господинот Трамп, веројатно ќе биде уште поскептичен за интервенција и ќе ја третира можноста за нови војни на Балканот, со доза на лежерност, каква што покажа Барак Обама за Сирија. Ова би била смртна грешка. Иако проблемите на Балканот се тривијални, во споредба со поголеми проблеми насекаде, она што се случува на Балканот, не останува секогаш само на Балканот, и НАТО, како и ЕУ би биле потресени од нова рунда крвопролевање на Балканот. Кризата има потенцијал да ги редефинира односите меѓу С.А.Д. и ЕУ за неколку декади.

Европјаните аргументираат дека релативно мали, краткотрајни американски инвестиции, како активна дипломатија и градење на американски сили во Косово, би завршиле добра работа. Но, претседателот Трамп, веројатно не би бил убеден од овој аргумент.

Надворешната политика под раководството на Трамп, се чини дека ќе ги препушти сојузниците на С.А.Д. на слободно возење. Европјаните кои се загрижени за мирот на Балканот, треба да размислат за начини на кои можат да ја убедат скептичната Бела куќа да се вклучи. Старите барања, за НАТО солидарност, одбрана од слобода, страв од Русија, може да не бидат доволни. Господинот Трамп размислува во манир на зделки, и Берлин мора да смисли начин да го донесе на масата.

Валтер Расел Мед

Господин Мед е соработник во Институтот Хадсон, професор по надворешни односи во Бард Колеџот и уредник во Американ интерест. Колумната е оригинално објавена завчера во угледниот весник Вол СТрит Журна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.