Под засилено полициско обезбедување, во Загреб, утрово, пристигнале делата на Пикасо. Тие се вредни стотици милиони евра и ќе бидат изложени во галеријата „Кловиќеви двори“ од 23 март до 7 јули.
Ова е најскапата изложба што некогаш била поставена во Хрватска и чини 1,2 мулиони евра. Делата на Пикасо се осигурани на 670 милиони евра.
Ќе бидат изложени 56 слики и скулптури, како и 40 фотографии.
Галеријата очекува оваа изложба да ја посетат околу 100 илијади посетители.