Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слободата на медиумите не е достапна во Македонија

3
By Борјан Јовановски on July 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заклучоците од министерскиот совет на ЕУ се повеќе од добри, бидејќи Брисел јасно гледа дека во Македонија постои длабок јаз меѓу декларативно изразените политички ставови и нивната имплементација. Па затоа за граѓанството е мошне корисно што Брисел одлучи да ја стави работата на оваа Влада под силен мониторинг и притисок за да ги испорача ветерните реформи во клучните области. Жалам единствено што во тие услови се пропушти слободата на изразувањето која како што стојат работите се уште не е достапна во ова држава.

Ќе го илустрирам ова тврдење со мојот личен пример.

Со 28 години стаж во новинарството јас, Борјан Јовановски, не сум во можност да ги извршувам своите професионални обврски. На пример, да одам да известувам од протест кој го организира било која од “тврдокорните” организации. Во тие околности нема теоретска шанса да не бидам нападнат од учесник на тие протести, изманипулиран од илјадници пати повторените лаги за мене дека сум предавник, кодош, шпион, син на кодош, изрод…и немам простор да ги наведувам сите навреди и клевети изречени на моја сметка по инструкциите на гебелсовската машинерија на Груевски, која имаше цел да ги дискредитира јавно сите кои се дрзнува да ја критикуваат. Просторот за извршување на мојата новинарска професија е толку смален што на такви напади сум изложен и при банално сликање со телефонот на ситуација пред Клиничкиот центар кога амбулантно возило на брза помош не беше во можност да влезе во кругот на Клиничкиот центар за да му се помогне на, претпоставувам, тешко болниот кого Брзата помош го превезуваше.

Да бидам искрен, тешко се поднесуваат тие напади, но не чувствувам омраза ниту гнев кон оние изманипулиарни граѓани, бидејќи тие се подеднакво жртви на системот и импотентните државни институции кои ниту сакаат ниту пак знаат како да ги заштитат. Оваа атмосфера во која новинарот е непријател на граѓанинот, оваа атмосфера полна со омраза и гнев, оваа морничава поделеност на граѓаните на вакви и онакви е дирекнта одговорност на институциите.

Груевски го нема тој замина од функција и единствената промена која се случи во однос на слободата на медиумите е што повеќе нема штабови на МВРО инфилтрирани во државата кои трошат буџетски средства за да произведуваат лажни вести, манипулации, клевети и омраза. Тоа го нема, но нема ни реакции на институциите со кои завладеа СДСМ.

МВР не пример, не препознава говор на омраза кој е кривично дело по сите европски конвенции и судски пракси. Оваа власт исто така не препознава дека е кривично или барем прекршочно дело да се спречи било чие извршување на професионални обврски. Никој никаде и никому нема изречено санкција за ширење на говор на омраза и спречување на новинари во извршување на нивните професионални обврски, освен ако тие не се физички нападнати, па ни тогаш.

Дома ми донесоа посмртен венец. Истрагата беше евидентно непостоечка. По неколку обиди да дознам што се случи, немам одговор барем за тоа, кој и по чиј налог ја кочеше истрагата во МВР. Во „Воденица“ , еден бивши директор на државна институција и брат на истакнат моќник злоупотреби малолетник да ме понижи јавно во ресторан. Малолетникот е член на УМС на ВМРО ДПМНЕ , го препознав сликан до Груевски. Го пријавив, имам и сведок. Еве помина повеќе од година ипол никој не се обрати да каже што се случи со пријавата.

Во меѓувреме, сам се обидов да дојдам до правдата, изложувајќи ги на суд Миленко Неделкоски и слични, кои се по професија манипулатори. Именуваниот е со судска пресуда за измама на граѓани на кои им продаваше лажни визи за САД, злоупотребувајќи го нивниот очај. И јас го добив на суд за клевета, но никаква санкција врз него не е извршена што секако му дава за право непречено да продолжи да го прави тоа што најдобро го знае. Јас не ја добив отштетата, ниту пак ги надокнадив парите за судските трошоци  и покрај тоа што пресудата е јасно во моја корист. Неделковски е недостапен за институциите или да бидам попрецизен на институциите ама баш никако не им е гајле за тоа.

На крајот, само да ви го прераскажам кусо мојот денешен новинарски работен ден. Довив закана затоа што снимам брза помош како не може да влезе во Клинички центар и само час потоа клевета од порталот финансиран од сомнителни унгарски финансиски извори. Мојот коментар за тоа дека трагичната смрт на младото момче меѓу другото е последица на лошиот образовен систем ја изманипулираа во текст со тврдење дека наводно сум рекол дека тој го изгубил животот затоа што бил необразован, со единствена цел да ја насочат агресијата кон мене. Се разбира, нивната мисија е успешна затоа што како новинар во овие околности јас не сум во можност како новинар професионалец да ги следам протестите на Комитите закажани за вечерва.

Господнине Заев и сите вие министри во Владата и почитувани обвинители моето прашање е: Дали по 28 години професионален стаж треба да ја напуштам професијата од која го издржувам моето семејство, бидејќи за новинари овде простор нема?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.