НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слободен си- изрази се!

0
By Нова ТВ on September 13, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога јазикот е побрз од умот, зборот е смртоносен куршум. Еден, два или стотици погрешни зборови кажани во кое било време претставуваат убијци

Вања Мицевска

Еве го! Повторно го искористи своето најмоќно оружје за да пука. Од неговата уста со молскавична брзина повторно излезе натрапникот – лошиот збор. Овој неканет гостин секогаш успева да Ѝ продре длабоко под кожата. Куршумов секогаш ја погодува многу силно и Ѝ остава рани за чие лечење не учел ниеден лекар. Ѝ доаѓа како гром од ведро небо, не сака да поверува на сопствените уши, не сака да е вистина. Повторно ја боли… ја здоболе многу силно исто како и минатиот пат. Ова не е првпат, тој во неа често пука со вакви куршуми, но секој од нив си наоѓа свое местенце и си се врежува во неа.

А не дека лузните од ваквото насилство ги има само таа. Мал или голем, сиромав или богат, никој не е доволно способен да остане рамнодушен на лошиот збор. Вистински проклетник кој прави да се чувствуваш бедно, и во еден миг почнува да ти се гади. Е, во тие мигови, жртвите се справуваат различно со оние кои ги нападнале.

Едни го возвраќаат ударот на ист начин, па и самите тие излегуваат на воено боиште користејќи го истото оружје. И тогаш…тогаш настанува војна. Пукаат, па на секоја страна летаат куршуми – кој од кој побрз. Пукотници, викотници…сѐ се испреплетува, а самите тие луѓе се претвораат во пајаци што градат мрежа, чиј излез тешко го наоѓаат. Впрочем, некои од нив и немаат желба да излезат, важно им е само да бидат погласни од противникот.

Другите возвраќаат малку поразлично. Ним не им е дојдено до натпревар со нивните гласни жици, овие војници се речиси бесшумни. Да, војници се зашто и тие војуваат, ама и бесшумни се, зашто другите тоа не можат да го видат. Тие се борат самите со себе и во себе. Пред другите демонстрираат молк, но вистинската публика е самотијата. Само таа е сведок на внатрешниот порив за викање, само таа го има доказот дека некој испуштил крик, ем од бес, ем од тага.

Луѓето си искажуваат љубов, се колнат на верност – во секое време, насекаде на светот. Во истиот тој момент, но на сосема друг крај…верувајте дека постојат и други кои се љубеле, а сега веќе тоа стивнува. Некој избувнал, па навредил. Друг се повредил од тоа, па го возвратил ударот.

Говорот настанал со цел луѓето полесно да се разберат, но понекогаш се чини дека целта не е постигната. Можеш да симнуваш ѕвезди колку сакаш, можеш да го претвориш туѓиот стомак во небесна шир каде што ќе летаат безброј пеперутки, можеш да ја измамиш најслатката насмевка на туѓото лице, ама не заборавај дека можеш и да проговориш. Ако ја отвориш устата, можеш и да згрешиш, внимавај што ќе излезе од неа. Може и мед да ти тече, но ако пукнеш еднаш, веќе ништо нема да биде исто.

Навредливиот збор и високиот тон на гласот се злобници кои те претвораат во ѕвер и создаваат сомнеж за твојата љубов. Во моментите кога те надвладува бесот и сосема забораваш што значи самоконтрола си создаваш простор за да мразиш и го манифестираш гневот. Но…овде не завршува сѐ. Тогаш на сцената за главната улога се борат рамнодушноста и омразата кај оној на кој му се создадени раните. Еден, два или стотици погрешни зборови кажани во кое било време претставуваат убијци. Не е важно која натпреварувачка ќе победи – дали едната или другата, важно е дека со сигурност ќе има жртва. Ќе го испушти и последниот здив она кое било градено со труд, со внимание и почит. Она кое правело некој да се чувствува како да гази на облаци и да лебдее над земјата, лесно може да се закопа под неа…да се втрие во неа исто како и лузните на срцето.

И да, кога јазикот е побрз од умот, блиските стануваат странци, минатото останува само убав спомен, а сегашноста се претвора во горчлива иднина која и пече и гризе. Залудно е она во кое човек се заколнал…лошото што ќе го изусти е сантата мраз која го потонува бродот со кој среќно пловел со другиот, торнадото коешто го руши заеднички градениот дом, иглата која го прободува срцето… – куршумот кој ја убива љубовта!

Авторот Вања Мицевска е студент по нивинарство

Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на есеите, мултуимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови.
Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.