Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слоештица со нова атракција за туристите-мултифункционален центар

0
By Mirjana on September 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Слоештица – селото со име за цел еден свет, минатите денови ги пречека гостите од ЕУ и прекуграничниот регион со Албанија на свечена конференција по повод завршувањето на проектот „Откривање на скриените атракции“ .

Великанот на македонскиот збор Петре М. Андреевски ја доби Меморијалната Изложба која е поставена во новоотворениот Мултифункционален Центар кој се реновираше во изминатите 22 месеци како дел од проектните активности со поддршка од ЕУ, Министерство за локална самоуправа и Општина Демир Хисар.

Заменик Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Џулијан Васало, отворајќи го Центарот, рече дека скриените села во демирхисарско се дестинација за детокс од брзиот урбан живот.

Центарот се протега на 600 м2 нуди и сместување за 14 лица, отворена сцена за настани, сувенирница и затворено фоаје за средби.

Градоначалникот на Демир Хисар – општината носител на овој проект, Марјан Стојановски, рече дека партнерството со Општина Клос од Албанија прерасна во пријателство и дека кога се има визија и добра намера резултатите се неизбежни. Слоештица денес го слави и Петре М. Андреевски и ја слави својата посебност-креативната енергија на мештаните која отсега има и сцена за покажување.

Претставувајќи ја Меморијалната Изложба посветена на Петре М.Андреевски, Ирена Андреевска од Арт Поинт-Гумно кажа дека Петре никогаш не ја напушти Слоештица – неговата вечна инспирација и дека со оваа изложба, токму во Слоештица тој продолжува да живее и после неговата смрт.

Проект менаџерот, Емилија Ѓероска им се заблагодари на граѓаните од демирхисарско кои беа активни во изминатите 22 месеца за да се реализира проектот и заедно ги откриваа скриените атракции пред посетителите од земјата и странство и изјави: „Ова започна како визија на неколкумина а прерасна во гордост за цел Демир Хисар и Македонија, зошто заедно изградивме место во кое се слави духот на демирхисарци, нашата култура и гостопримливост“.

Таа истакна дека овој проект е вистински пример на заедничка работа на сите вклучени партнери, општините Демир Хисар и Клос, организациите Арт Поинт-Гумно и Флаг од Албанија.

Проектот е финансиран со 455.633 евра во рамките на ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

прекугранична соработка Слоештица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.