НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словачкиот поет Иван Штрпка почесен член на Друштвото на писателите на Македонија

0
By Marija Todorovska on August 25, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернацнионалните поети гости на Струшките вечери на поезијата, на Иван Штрпка, овогодишен лауреат на златниот венец на СВП, му била врачена плакета со почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија.

Како што соопшти ДПМ, при врачувањето на признанието, претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски, истакнал дека на македонските писатели им е особено драго што оваа година за првпат словачки поет е лауреат на Струшките вечери на поезијата, а со тоа и почесен член на Друштвото.

Претседателот на ДПМ му посакал на лауреатот долги години добро здравје и плодна работа и соработки. Поетот Иван Штрпка, од своја страна, по примањето на плакетата истакнал дека ова признание „е и една отворена порта плус, уште повеќе во иднина да се разменуваат поетските енергии меѓу поетите од Словачка и Македонија, бидејќи и на двете страни врските ни се многу важни. Бидејќи сме на истиот брод и пловиме на една палуба заедно.“

Друштвото на писателите на Македонија во изминатите дваесетина години од своето работење веќе имаше воспоставено два поблиски контакти со поети од Словачка – Франтишек Липка и Мирослав Биелик, на кои во 2006 и 2020 година беа лауреати на наградата „Книжевен Жезол“, која ДПМ ја доделува во рамки на манифестацијата „Празник на липите“. 

Друштво на писатели на Македонија иван штрпка почесен член
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.