Словачката влада на популистичкиот премиер Роберт Фицо вчера одобри нацрт-закон со кој ќе се распушти јавниот радиодифузен сервис РТВС и ќе се формира нова медиумска институција.
Законот е последниот обидот на владата на премиерот Роберто Фицо да ја зајакне контролата врз институциите во земјата. По неколку години во опозиција, Фицо по четврти пат стана словачки премиер.
Ситуацијата во РТВС е неодржлива, рече тој на вчерашната прес-конференција.
Словачката опозиција остро го критикува законот, а неколку невладини организации веќе најавија дека ќе се обратат до Европската комисија и до Европскиот парламент.