По Анушка Шанкар, Таксим трио и „Биоскопиа“, на ОФФест за вечерва, во киното „Фросина“ е најавен концертот на словенечкиот состав „Брина“.
Формиран во 2003 година, групата што ја предводи талентираната и меѓународно етаблирана пејачка Брина Вогелник, црпи мотиви од традиционалната музика.
Но, од неодамна, во репертоарот преовладуваат оригиналните композиции. Првите два албума „Mlado leto” (2004) и „Pasja legenda” (2006), оставија силен печат на глобалната мапа на т.н. музика на светот. Во 2011-та, по пауза од седум години, „Брина“ се враќа со нов албум, „Slečena koža“ кој содржи десет композиции од кои неколку се авторски. Бендот соработува со продуцентот Крис Екман, член на The Walkabouts и Dirt Music и продуцент на албумите на Tamikrest и Лоби Траоре.
По Владо Креслин, „Брина“ е единственото име од Словенија што бележи настап на WOMEX (World Music Expo) во 2006 година. Групата настапила и во радио шоуто на легендарниот Чарли Гилет на Би-Би-Си.