Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенечкото претседателство нова надеж на С.Македонија за ЕУ

0
By Biljana on June 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„И покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, за да се одржи првата меѓувладина конференција со овие две земји кандидатки за членство во Унијата“, рече на завршната прес конференција на Советот за општи работи на ЕУ, државниот секретар за европски прашања, Ана Паула Закариаш.  Таа додаде дека напорите да се дојде до позитивен заклучок ќе продолжат за време на претстојното словенечко претседателство, кое почнува на 1 јули. Закариаш вели дека и натаму ќе се преговара по предлогот кој на владите во Северна Македонија и во Бугарија им го достави португалсткото претседателство со цел да се најде решение на спорот меѓу двете земји.

„Португалското претсадетеслство даде се од себе за да дојде до можен компромис и да се најде можно решение. Навистина би сакале денес да имавме, не две, туку четири меѓувладини конференции. Но разбираме дека е многу тежок политички момент. Затоа би требало да најдеме решение со кое сите страни би се чувствувале комфортно. Го охрабруваме словенечкото претседателство да ги продолжи нашите напори , да не го загуби моментумот, да ја продолжи дебатата и да го искористи предлогот што е на маса. Навистина се надеваме дека што е можно поскоро ќе ги одржиме тие две меѓувладини конференции со Република Северна Македонија и со Република Албанија за време на следнот семестар“, рече Закариаш на прес конференцијата во Луксембург.

Бугарија не попушти во својот тврд став за ветото

„ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули. Ваков бил ставот на бугарскиот претставник, на денешната жестока дебата по прашањето за преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, за време на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург.

Министрите за европски работи на земјите членки на Унијата, дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, а според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти, јави МИА.

Германија покажала силна заложба за почетокот на преговорите со Северна Македонија, но бугарската страна одбила да попушти и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“. Берлин од своја страна предупредил дека со вакво однесување ЕУ се претвора во „стратешко џуџе“.

На Софија и било предочено дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.

Бугарскиот претставник порачал дека се во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули, но одбил да даде било каква гаранција дека и идната политичка Влада во земјата ќе го деблокира ветото.

Мнозинството земји членки го потврдиле ставот дека се против одвојување на Албанија и Северна Македонија.

 

Рот: Треба да ги исполниме нашите обврски кон Северна Македонија

Германскиот министер за Европа Михаил Рот за време на одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, на Твитер објави дека Европската Унија без одложување треба да ги исполни обврските кон Северна Македонија и Албанија.

„Ве молам. Билатералните прашања да се решаваат билатерално, без блокирање на напредокот на целата Европска Унија. Да размислиме стратегиски и да разбереме: треба да ги исполниме нашите обврски кон Албанија и Северна Македонија СЕГА, плус немаме интерес да оставаме стратегиски вакум таму. Благодарам“, твитна Рот.

 

Хрватска и Словачка со јасна поддршка за С.Македонија

Словачкиот заменик министер за надворешни работи, Мартин Клус, пред почетокот на министерскиот совет во Луксембург истакна дека проширувањето на ЕУ е многу важна тема за официјална Братислава.

„Многу искрено разговараме за тоа како да го одблокираме процесот со Северна Македонија и со Албанија. Навистина се надевам на добри резултати и позитивни одговори, бидејќи  од тоа зависи кредибилитетот на Европската Унија и на тој регион, што уште еднаш ќе повторам, е многу важен за нас“, рече Клус при пристигнувањето во Луксембург.

На иста линија беше и изјавата на Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни работи и европски прашања од Република Хрватска, кој рече дека напредокот на земјите кои се на патот кон ЕУ, заслужува пофалби.

„Северна Македонија и Албанија направија голем исчекор напред во исполнување на сите најважни критериуми за членсво во ЕУ и го очекуваме моментот кога ќе бидат отворени, што поскоро, пеговорите со Унијата“, рече Грлиќ Радман.

Последни на агендата во Луксембург се двете меѓувладини конференции кои ќе се одржат според новата методологија, со Србија и Црна Гора, но без да се отвораат поглавјата со двете земји.

Биљана Божиновска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.