НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Шендети“: Како банкарите переле пари со кредитот на болницата

0
By Менче Атанасова Точи on June 3, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уцени, лихварство, перење пари, лажни кредитни услови, малверзации со кредитот од Банката за развој, сето тоа по диктат на одредени моќници.

Вака доктор Адил Мустафа, сопственик на пропаднатата болница „Шендети Медикал“, за која пишуваше НОВА, го опишува периодот откога почнал да ги користи услугите на УНИ Банка. Болницата во тетовско Мала Речица е првата приватна болница изградена во 2004-та година по иницијатива на високи функционери на ДУИ.

На почеток започнала да функционира како поликлиника, а опструкциите од УНИ Банка, како што вели Мустафа, оневозможиле да профункционира како болница. Последниот удар го задал Фондот за здравство со кој не можел да склучи договор за ниту една здравствена услуга, особено не со дијализата поради што турските инвеститори си заминале од земјата.

Адил Мустафа
Адил Мустафа

„Поликлиниката започна да дава охрабрувачки резултати, што ме натера мене и мојата сопруга да подготвиме бизнис план за довршување на целата болница, заедно со опремата, а на почеток искористивме еден помал кредит од 170.000 евра. Додека Стопанска банка ја докомплетираше документацијата за кредитот, неповикан, одеднаш се јави претставникот на филијата на УНИ Банка во Тетово. Со агитаторско однесување ми предлагаше најповолни кредитни услови за кои подоцна се покажа дека биле лажни“, раскажува за НОВА доктор Адил Мустафа.

И тогаш започнува одот по маките на семејството Мустафа, доктори и бизнисмени кои по наговор од ДУИ одлучиле да инвестираат во Македонија. Под притисок и убедување, за како што вели, лажни кредитни услови од страна на претставникот на филијалата и директорите на УНИ Банка, тие станале лесен плен и уште на самиот старт кредитот од 1.650.000 евра од Македонската банка за развој не го добиваат во целост, туку само 650.000 евра. За оваа сума на пари доктор Мустафа бил принуден да го даде под хипотека целиот објект на болница. Другиот дел од парите од милион евра не се пушта според договореното, туку само помали износи за вештачки да се држи во „А“ категорија.

„За останатиот дел од парите имаше многу малверзации, мито и корупција. Дури бев уценуван од еден од директорите во банката да дадам мито од 50.000 швајцарски франци за да ми ги ослободат парите и да го добијам другиот дел од кредитот. Јас дадов половина од таа сума на пари, а примопредавањето на парите се случи во една менувачница, за што постои доказ, видео снимка. По ова, откако се заканив со тужба ми пуштија 200 000 евра, со кои само уште повеќе заглавив, по што престанав да ги плаќам и ратите за кредитот“, вели Мустафа.

Вака продолжува се до 2009-та година. Тогаш, како што вели нашиот соговорник, започнал вистински пекол од страна на управителите на банката. Тој започнал да запаѓа во долгови, за подоцна да го стават во тесно и со лихварски услови му бил најден еден клиент од банката на кој требало да му бидат отстапени 10 посто од уделите на болницата, а за возврат тој да му даде кредит од 100.000 евра. По ова македонска банка за развој одобрила кредит од 350.000 евра, но наместо парите да ги добие доктор Мустафа, парите ги користи банката, на него му пуштаат мали износи, а тој се задолжува со камати поради ненаменско користење на кредитот.

По сите малверзации и уцени, на сцена стапува нов клиент од банката, Борче Чупетрески, кој требало да изготви длабинска анализа и да го поткрепи финансиски. Условот бил тој да добие 34 посто од уделите.

Еве што за ова вели Чупетрески:

„Не викнаа за да не спојат во просториите на УНИ Банка, што преставува прво кривично дело. На тој состанок ми се презентирани менаџерските и финансиски проблеми на семејството Мустафа и јас требаше да помогнам со моите фирми. Тогаш болницата имаше документ од Министерството за здравство, во кој стоеше што се треба да набавиме, во медицинска опрема и простор. Врз основа на тој документ констатиравме дека треба да се инвестираат 150.000 евра за опрема и 50.000 евра за враќање на кредити и рати во банката бидејќи инвеститорот немаше платено три месеци ниту една рата. По ова, банката под итно во рок од 24 часа ми одобри кредит од 200.000 евра преку мојата фирма за да му ги дадам како позајмица на Адил Мустафа, за горенаведените работи. Парите требаше да се префактурираат преку мојата фирма „Бо Нет“, а од кога ќе заврши сето тоа ветија дека ќе го одобрат постанатиот дел од кредитот од 650.000 евра. Сето ова беше договарано во највисоки кругови во банката“, раскажува за НОВА Борче Чупетревски.

Но, наскоро на Чупетрески му се дуплирале трошите бидејќи исплаќал и за сопствената фирма и за болницата, така што започнал да врши притисок врз директорите од банката за побрзо да го исплати кредитот на докторот и да го добие остатотокот од кредитот. Ова се одолговлекувало три месеци, по што банкарите му соопштиле дека ќе добијат 1.100.000 евра, но под услов 450.000 евра да вратат назад во банката и да купат негативни пласмани.

Борче Чупетревски
Борче Чупетревски

На таков начин, вели Чупетревски, банката требало да си го покрие негативното работење, да си ги врати парите и да прикаже вештачка добивка.

„Наместо да му ја активираат хипотеката, УНИ Банка вештачки го одржуваа во А категорија доктор Мустафа, со позајмици, не го пријавува во Народна банка како лош пласман, ниту пак е известена Агенцијата за перење пари и финансирање на тероризам, бидејќи секоја трансакција поголема од 15.000 евра банката е должна да ја пријави и да докаже од каде доаѓаат парите. УНИ Банка воопшто не ги пријавуваше позајмиците што ги добиваше Адил Мустафа постојано“, вели Чупетревски.

Со уцената од 400.000 евра за купување на негативните пласмани на банката настанало нарушување на меѓусебните односи меѓу двајцата клиенти и банката. Чупетревски вели дека имало и вербални пресметки и караници, дали да се прифати уцената или не. Но, поради тоа што и неговата фирма пропаѓала заради земениот кредит , се договориле да откупат 200.000 евра.

„Банката се надеваше дека со ова врската ќе се прекине. Но, ние имаме доказ се што е правено за сите трансакции и пренос на парите, за тоа како од кредитна линија од УНИ Банка одат во други фирми основани за таа цел и во други банки и повторно се враќаат во УНИ Банка“, дополнува Чупетревски.

Како се одвивал патот на парите?

За оваа цел се формирале две фирми, краткорочни формирани наменски преку кои ќе се правело перењето на парите, за Народна банка да не им влезе во траг. Ова е патот на парите дадени на „Шендети Медикал“ кои по основ на позајмица се префрлаат во Делфин Фешн ДООЕЛ Прилеп во Алфа Банка. Од Делфин Фешн ДООЕЛ Прилеп се префрлаат во СУМИЈОШИ ДООЕЛ Прилеп во Еуро Стандард Банка, од каде се уплаќаат во УНИ Банка за купување на негативните пласмани.

grafikon

Во овие пласмани вметнат е и имот без документација, дивоградба, спрат од куќа во Тетово, кој банката го зела во некоја друга матна зделка , бидејќи ваков имот не може да биде предмет на заложно право, па со цел да го покрие овој свој негативен пласман, му ја дава куќата на доктор Мустафа. При тоа се давани упатства истото да се направи преку фирми кои се корисници на кредит наведени во предходната шема изготвена од лицето Делчо Крстев, еден од управителите на УНИ Банка. Со ова дејствие банката изврши типичен пример на перење на пари, уцена, и лажен приказ на сопственото „позитивно“ работење пред Народна Банка, стои во Жалбата до Основното јавно обвинителство каде во моментот се врши вештачење за случајот.

Чупетрески вели дека во тоа време УНИ Банка како помала банка, ќе пропаднела доколку овие работи ги пријавувала во Народна банка.

Воислав Зафировски
Воислав Зафировски

Еве што за целата оваа ситуација вели Воислав Зафировски, поранешен претседател на Антикорупциска комисија, кој сега е вклучен во тимот кој треба да помогне случајот да излезе пред лицето на правдата:

„Постојат бројни сомневање за малверзации, притисоци и криминал од банката, кои треба да се докажат. Банката не го почитувала договорот за кредитот за бизнис планот. Има сомневања дека доктор Мустафа е упатуван да зема позајмици од лихвари и дел од сопственоста да пренесе на приватни лица. Одговорните лица во банката поврзувале други правни субјекти со Мустафа што не е дозволено. Отворени се и две фирми и за 24 часа експресно се пренесени парите. Тука ќе треба да се вклучат и Народна банка и Агенцијата за перење пари и спречување на терироризам. Средствата од македонска банка за развој одговорните лица во банката ги користеле за се и сешто, само не за намената. Кога дознал Мустафа за ова, парите се вратени назад без негово знаење и без негов потпис“, вели за НОВА поранешниот антикорупционер Зафировски.

Делчо
Делчо Крстев

НОВА го контактираше Делчо Крстев, еден од управителите на банката на кој се однесува кривичната пријава и кој се посочува како мозок на целата операција.

„Во моментот не можам да коментирам ништо. Во големи гужви сум, а и надвор од земјата. Постои Народна банка и други органи, тие нека си ја завршат својата работа“, изјави за НОВА Крстев, против кој и уште двајца управители е поднесена кривична пријава.

И одговорното лице во македонска банка за развој, Кенан Идризи не сакаше да го коментира случајот. Тој кратко изјави дека кредитот бил одобрен, а што се случувало понатаму во банката, тој не знае.

До сега правосудните органи не најдоа за потребно да работат на случајот. Минатата година обвинителството ја одби како неоснована кривичната пријава против управителите на банката. Адил Мустафа и неговиот тим се надеваат дека по изведените докази обвинителството ќе даде зелено светло, за конечно случајот да добие правна разрешница. Мустафа смета дека во сите опструкции со кредитот голема улога имаат и функционери од власта на кои не им одговарало болницата да проработи.

Адил Мустафа Шендети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.