Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смешна срма нанижана, нели Канчевска?

0
By Биљана Секуловска on October 22, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Ми остана врежана една, веројатно тоа беше последната реченица на излагањето, поточно одбраната- на министерката за култура, Елизабета Канчевска.

Одбрана откако е осомничена за криминал, истиот ден, за што информираше обвинителката Фатиме Фетаи.

Како рече Канчевска: Фетаи не се разбира од култура и не треба да работи нешто што не знае.

Култура, хм, култура. Што би била допирната точка на Фетаи со културата која ја проповеда Канчевска, ако Фетаи говори исклучиво за корупција, но, да- култура на корупција, за тоа говориме.

Таа култура на корупција, таа е нехајно од почеток засадена, со премислувања и грутка во стомакот, од време на време со бодеж во ребрата, како пресечено грло, па пак засадено, ете така било на почетоците, климаво, несигурно, бојажливо.

Но, доаѓа ново време. Таа почнува да бива негувана, одржувана, како чедо свое, детенце, од пелени го гледате, додека ве клоца и како закана ви мавта со рацете, дека ќе ве однесе, дека на овој свет доаѓа а вие можете слободно да заминете, така и расте, веќе неконтролирано кипти, додека не стане бујна, стројна и не прекипе, додека не се претвори во монструм, но, тоа е ризикот со таа култура за која говори Канчевска. Култура на корупција.

Црвениот кармин кој и бил ставан неконтролирано го размачкува, не може да си ја дофати устата, затоа што буи, нараснува, препукува на места, таа ќе експлодира, таа култура, на која се повикува грлато и заканувачки министерката за култура, да, култура на корупција.

Знаете, таа култура, таа култура на корупција е првиот чекор да исчезнеме. Нашиот јазик, нашиот идентитет, нашата култура, нашата слобода, нашата татковина. Баш е смешно, нели Канчевска? Ќе исчезне срмата колан на Миладиновци, таа ќе се изрони, ама немојте да ја засмејувате Канчевска, ве молам.

Татковината вели Конески, тоа е јазикот наш. Напиша: “Татковина-  а вие, еј! На што сте смислиле да ја сведете”. Многу смешно, грохотом се смее Канчевска.

Ресул Шабани, албански писател. Морав да го прашам Назим Рашиди, мојот колега за големо име во нашата литература, Албанец. Наша е таа литература, како што е наша оваа дупка, празнина која сме ја засадиле и не знаеме ништо за нив, и оттука, ништо за нас. А  големите борци за култура како Канчевска не престануваат да се прпелкаат од смеење.

А Лидија Димковска, како тоа изгледа, не се ли ова за вас најсмешните стихови, Канчевска, таа култура која ја сакавме и затоа ја замразивте? “Страв им е од слободата, да не нагрне врз нивната врата, да не се испружи пред нивниот праг, да не им побара вода, леб или постела”.

Катица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи. Ветрот носи убаво време, пишуваше Ацо Шопов.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.