Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со амин од директорот МИА лови „новинари – кодоши“

0
By Сашка Цветковска on June 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кодош кој ја ставил на тапет својата држава пред евробирократите во Брисел или извесен директор на ЗНМ кој повел тирада против земјата во Брисел; ова е само дел од кфалификациите на адреса на извршниот директор на Здружението на новинари Драган Секуловски во текст кој вчера го објави државна агенција МИА.

Автор на текстот е дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, а текстот се однесува на излагањето на Секуловски на ркалезната маса насловена “Правниот аспект на слободата на медиумите на Западниот Балкан” во организација на Поткомитетот за човекови права на ЕП која се одржа вчера во Брисел.

Текстот со наслов „Директор на ЗНМ во Европарламентот ја критикуваше Македонија, Ховит ја бранеше“ предизвика бура реакции помеѓу новинарите на социјалните мрежи кои коментираа дека содржината не е ништо освен хајка кон Секуловски кој ја изнесувал фактичката состојба за медиумите во земјата како гостин на трибината, но и лоша порака кон сите критични новинари, ако се има во предвид дека МИА е државен сервис каде Владата има својство на Собрание на друштвото и таа го именува надзорниот одбор.

„Но, Секуловски тука не завршува, па ја искодоши својата држава и за тоа што Советот за радиодифузија ја одзел дозволата на телевизискиот канал “А2“….или „Својата тирада против државата Македонија, директорот од ЗНМ ја продолжи…; релативниот долгиот допис изобилува со вакви и слични кфалификации на адреса на Секуловски, притоа истакнувајќи дека да не биле известувачот во ЕП за Македонија Ричард Ховит и пратеникот Илија Димовски, земјата „ќе останела неодбранета“.

Посочениот „кодош“ Драган Секуловски вели дека не тој, туку оние кои стојат зад текстот се тие кои го нарушуваат имиџот на земјата надвор.

– Срамно е тоа што овој текст е од Македонската информативна агенција која треба да ги промовира новинарските стандарди. Со ваков непрофесионален и неетичен начин на претставување на фактите се нанесува штета на Македонија пред високите претставници на Европскиот парламент и Европската комисија, кои беа присутни на сесијата организирана од страна на Комитетот за човекови права. За илустрација евро-парламентарката Дорис Пак на својот твитер профил во овој контекст напиша дека индивидуите и граѓанските организации кои даваат конструктивни критики не треба да се клеветени од страна на медиумите, вели Секуловски за НОВА.

Новинарот и уредник од телевизијата 24 вести, Билјана Арсовска која следи надворешни работи, а која и самата има работено во МИА, вели дека државната агенција треба да обезбеди непристрасна информација за медиумите, реален приказ на состојбата без текстовите да навлегуваат во вредносни кфалификации.

-Јас не видов дека Секуловски пренесе нешто друго освен фактичката состојба. А исто така, Ховит не е некритичен кон Македонија. Ховит ја пренесува фактичката состојба, па доволно е да се погледне неговиот извештај за земјата и да се види дека и тој има критики во однос на слободите во новинарството, вели Арсовска.

На прашањето дали МИА го нарушува својот имиџ таа вели дека нема да се впушти во коментар како нивна поранешна колешка, но додава „Ги користам нформациите на МИА во зависност од тоа кој е потпишан на текстот“.

Директор и главен и одговорен уредник на МИА Љупчо Јакимовски не смета дека текстот е проблематичен или дека имиџот е нарушен. На прашањето на НОВА дали е во ред информативниот сервис да кфалификува државни непријатели и кодоши, тој рече дека објавувањето на текстот говори и за неговите ставови како уредник.

– Ние текстот сме го објавиле, што значи јас како главен уредник ги делам тие ставови, кусо одговори Јакимовски за НОВА, па дури и не упати да го прочитаме денешниот текст од допсиникот од Брисел, кој сигурно „би ни бил интересен“.

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми вели дека ако се има во предвид дека државата е „газда“ на МИА и овој напис се стави во тој контекст, очигледно, е според него, „дека продолжува хајката кон сите кои не мислат исто како власта и про-владините медиуми во однос на состојбата на медиумите“.

– Тотално е депласирано и непримерно да се прогласуваат за кодоши луѓе и колеги кои само го кажуваат тоа што го кажува целиот свет – Европската комисија, Стејт Департментот, ОБСЕ, Репортери без граници, Фридом Хаус…Со ставање на главата во песок и викање „Држ’те го крадецот“ нема да се реши очајната состојба со медиумските слободи, вели Сарачини.

Тој додава дека освен очиглeдното, прекршен е и членот 16 од Етичкиот кодекс на новинари кој вели „Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги“.

Со Сарачини се согласува и поранешниот директор на МИА, Зоран Иванов. Тој смета дека потегот на владата да се испратат дописници во Брисел и Вашингтон е позитивен, но дека во ваков кадровски состав дописници подобро и да нема.

-МИА нема приватен капитал, туку државен и кога вакви хајки се објавуваат тоа значи дека државата атакува врз новинарите и колегите, не редакцијата. Агенцијата мора да биде непартиска, ослободена од притисоци. Нејзината обврска е да ги реди фактите по значење, вели Иванов за НОВА.

Низа новинари и јавни личности кои се критични кон политиките на власта подолго време се клеветат дека се непријатели на државата во текстови во бројни медиуми блиски до власта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.