НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со Глигоров учевме како се гради и како се сака Македонија

0
By Нова ТВ on May 3, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Елеонора Каранфиловска Ратклиф, советник за внатрешни работи на претседателот Киро Глигоров 

Ме разбуди утрово Борјан Јовановски со замолница да напишам текст за Нова ТВ со кој ќе ја одбележиме 100-годишнината од раѓањето на претседателот Киро Глигоров. Јас самата не ќе го напишев. На човекот Киро Глигоров ќе му беше исклучително непријатно од било какви ловорики или пригодни зборови за него. Ќе го тоа оставеше молчалив и повлечен. Но, како претседател ќе ја сфатеше потребата, еве, и ова на некој начин да го направиме тоа, пред се, за себе, и особено сега, сосема идентификувајќи го “неговото” време како “наше” време, како време на создавањето и градењето на нашата држава.

Се прашувам напати дали е тоа само поради историскиот момент (или, моменти, ќе да е посоодветно) во кој тој ја водеше Република Македонија. Или, затоа што тој, за разлика од другите кои исто така со него беа на челни позиции во тој период, некои и на “спротивната” страна, тоа “наше” време потоа не ни го потроши, тоа “наше” време не ни го присвои, не ни го смени, не ни го скрши. Ни го даде, а потоа ни го остави да биде токму такво, “наше”, не “негово” за да си прави со него што сака. Со огромна свест за должноста кон народот и државата, од Глигоров не доживеавме сопствена глорификација, искривување или “разубавување” на фактите по неговото заминување од функцијата. Знаеше дека периодот на претседателствувањето не му припаѓа на Киро Глигоров, туку на Македонија.

Многумина денес, во овие тешки моменти, пишуваат и прашуваат што и дали ќе беше поинаку ако денес го имавме Киро Глигоров? Го имавме ли во погрешно време?

Без намера да одземам од драматичноста и сериозноста на она низ што сега минуваме, ќе потсетам на моментите во кои треба да бидеме среќни што “го имавме” токму Глигоров – преговорите за раздружувањето од југословенската федерација, одлуката за референдумот за осамостојување, носењето на првиот Устав на самостојна Македонија, фискалното и монетарно осамостојување, одбегнувањето на прелевањето на воените дејства од балканските војни во Македонија и преговорите со ЈНА за напуштање на државата, блокадата од Грција и економското опустошување на државата, признавањето на Македонија во Обединетите Нации, Привремената спогодба, бегалската криза, тензичните моменти во односите со соседите, градењето на имиџот на Република Македонија на меѓународната сцена како сериозен, мирољубив ентитет кој е фактор на стабилноста во регионот и пошироко.

Сето тоа, во услови на учење на демократија дома, тензични меѓупартиски односи, уште потензични и критични меѓуетнички односи.

Го имавме претседателот Глигоров во тие времиња во кои заедно учевме како се гради и како се сака Македонија, нашата прва држава по децениски обиди за нејзино создавање и повеќевековни напори за опстојување како македонска нација, во која самосвеста и националната еманципација не е на сметка на другите национални заедници. Зошто за сите нас овде – “Македонија е се што имаме!”

Ако го немавме тогаш Глигоров, ќе знаевме ли сега волку мудро како граѓани и национални заедници да останеме настрана од овие обиди за провоцирање на поширок граѓански или меѓуетнички судир заради заштита на поединци и криминогени структури? Темелите ни се длабоки и верувам цврсти, за да можеме и ова да го пребродиме и повторно да тргнеме напред, да ја вратиме Македонија на колосекот што го одбра со осамостојувањето.

Прекраток е овој простор овде да се опфати се или да се даде еден заокружен профил на првиот македонски претседател. Постојано истакнувам дека од историска перспектива секако ќе се направи анализа и преглед на тоа време на Глигоров, потезите и политичките одлуки, условите во кои беа донесени и причините за тоа, како и спротивните гледања на опонентите. Јас немам таква намера овде. Но, и еден мал поглед на тоа време ќе покаже и една човечка димензија, која меѓутоа е битна и за разбирање и за објаснување за тие случувања – претседателот

Киро Глигоров ја имаше оставено личната суета зад вратата! Ниту една негова одлука, и воопшто целокупното извршување на функцијата Претседател, не беше донесена поради суета, лични фрустрации, лични анимозитети, или уште повеќе реваншизам. И без лични политички калкулации.

Имаше кај него една исклучителна свест за моментот, но и за историската перспектива. Говореше малку, слушаше многу. И долго, многу долго ги обмислуваше постапките. Беше градител. Беше помирител. И беше човек.

Ќе споделам за крај еден настан за кој верувам дека верно го отсликува Киро Глигоров. Има многу кои во една ваква пригода би требало можеби да се споменат и да го одбележат претседателот Глигоров. Но, ова е мојот избор: првата негова средба со Арбен Џафери во октомври 1997. Ја подготвувавме подолго време. Со господин Џафери дојдоа и господин Мендух Тачи и господин Бедредин Ибраими. Уште на самиот почеток, по кусите куртоазности, господин Ибраими ги прочита низата барања на партијата. Потоа претседателот Глигоров зеде збор. И зборуваше, зборуваше со часови. Сосема необично за него. Своето детство, младост, средбата со сопругата …животот. Искрено, ни јас не знаев што се случува. Со мене зачудени и тројцата соговорници кои одамна пропуштија друга планирана средба. На крајот, претседателот Глигоров се извини што им одзеде толку време, но обраќајќи му се на господин Џафери истакна дека ова е нивна прва средба и дека тие прво треба да се запознаат како луѓе и затоа сакал да ја сподели со него приказната за својот живот. Како и дека очекува наредниот пат да чуе од господин Џафери за неговата сопруга и неговите деца. А политиката ќе дојде потоа (На крајот претседателот не ги заобиколи ни прашањата изнесени од ДПА, но тоа не е дел од ова мое искажување). Со господин Џафери понатаму изградија односи на вистинско и длабоко почитување, ако не блискост, и корисна соработка кога беше потребно.

Така за крај со оваа приказна, можеби и одговорот – ќе ни се случеше ли ова ако го имавме сега Глигоров (како што многумина прашуваат)? Не знам. Но, знам дека тој лично ќе беше вклучен со секој и секого и во одбегнувањето и во решавањето на една ваква криза.

И не знам за политичарите, но ние граѓаните одамна научивме што се вистински вредност, кои се искрени луѓе на кои им го доверуваме нашиот глас и суверенитет за да не водат и претставуваат, за да ја управуваат оваа наша држава. Зошто “Македонија е се што имаме!”

Вечна ти слава и благодарност Претседателе Глигоров!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.