Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со голо око ќе може да се погледне „ Сиромаштија на мост“

0
By Томе Христов on September 6, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните на Македонија, а посебно во делот на централното градско подрачје на Скопје ќе можат да бидат сведоци на несекојдневен настан што се случува многу ретко на земјината топка. Од денеска се пуштени бесплатни билети за доручек! Ќе бидат во ограничен број од 2700. За останатите кои нема да добијат билет, можеби ќе имаат прилика да го проследат настанот преку видео бимови кои ќе бидат поставени на некој од спомениците во најблиското опкружување.

Бидете стрпливи извадете билет и сите ќе добиете јадење. И волкот сит и овците на број. Вака од денеска градот Скопје ја намалува сиромаштијата, а ќе ги здружи луѓето по етничка и духовна основа.

Мизерија на квадрат, перверзија на куп и омаловажување до бесвест. Организаторите на овој несекојдневен настан се задоволни што во голем број, редици, денеска чекале билети за на 11 септември да добијат бесплатен доручек.

Имбецилна формула која гласи: „Да се радуваш што гледаш колку гладни луѓе имаш во градот“.

Гледајќи ја денешната слика, ако ги собереме од сите градови ќе треба да се прогласи за ден на мизерија. Исто така ќе биде неработен ден зошто се ќе биде празно, иако духовно и материјално сме вееќе одамна испразнети.

И како по обичај следува политички момент контра перверзниот. Организаторите (читај власта) велат: Ова е човечност, мостовите зближуваат. Мостот имал симболика на соживот, а забораваат дека луѓето го изгубија животот.Забораваат дека мостовите во последно време на младите им служат да го поминат океанот и да дојдат од другата страна.

Се праваат споредби со држави и градови каде индивидуата може да си купи и доручек и ручек и вечера и мирно да спие. Кај нас тие што чекаат денеска за билет, ќе обезбедат бесплатен доручек на 11 септември и полн стомах за да не ги испијат апчињата на гладно.

Она што не може да го смисли ниту еден режисер е и фактот што помислиле дури и на туристите. Ќе нахранат и 200 туристи кои ќе се зближат со нашите граѓани на мостот. На здравје!!!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.