Двајцата урбани авантуристи Лудовик Воерт и Џок Сомерс на Јутјуб ја објавија нивната најнова авантура. Тие без дозвола од градските власти на изгрејсонце летаат со параглајдер над Рио де Жанеиро.
Летањето без дозвола носи и дополнителна опасност бидејќи над Рио има густ авионски сообраќај. Летот траел 20 минути и делови се документирани со камера.
Воерт и Сомерс се професионални падобранци и ова не им е прва авантура која може да се погледне на Ју тјуб.