„Го донесов и го офарбав пијаното пред полицијата за да им го покажам духот на револуцијата, кој всушност е мирољубив и кој покажува дека ситуацијата сакаме да ја решиме на мирен начин“, објаснува за Би-Би-Си Маркијан Мачек, кој испрати порака за мир свирејќи класична музика пред полициските кордони.
Пијаното коешто тој го офарба во боите на знмето на Украина и Европската унија стана вистинска сензација на Јутјуб и симбол на мирните демонстрации.
„Мислам дека не е проблемот со луѓето кои во скијачки маски свират клавир, зашто мораа да ги стават кога владата го донесе законот со кој се забрануваат мирните демонстрации.
– Луѓето почнаа да користат Фејсбук и Твитер зашто беа загрижени и мислеа дека домашните мрежи ги контролира Русија. Се организиравме на Твитер за да ја подигнеме свеста за случувањата во Украина, вклучивме и познати личности, меѓу кои и Ричард Брансон“, изјавува Мачек за Би-Би-Си.